Старата дама се коцка во Торино

Во групата А, Јуве го пречекува мадридски Атлетико, додека во Пиреја Олимпијакос ќе игра против Малме. Атлетико веќе обезбеди пласман во следната рунда, а на Јуве му е потребно макар реми. Шпанците се први на табелата со 12 бодови, Јувентус има 9, Олимпијакос е трет со 6, а Малме е последен со 3 бодови.

ЈУВЕНТУС - АТЛЕТИКО МАДРИД 20:45

- Италијанскиот шампион како по обичај до последно коло ги држи во неизвесност своите навивачи. На Јуве му е доволен бод, а со победа од 2 гола предност би можел да биде и прв;

- Атлетико Мадрид победи на 10 од 11 средби во домашното првенство, од кои 5 по ред;

- Јувентус во Серија А на домашен терен има 25 победи во низа.

- Торинскиот клуб оди понатаму и во случај да одигра нерешено, а Олимпијакос не го победи Малме;

- Актуелниот италијански првак е непоразен на последните 9 натпревари на домашен терен во дуелите под закрила на УЕФА. Јуве славеше дома сезонава против Малме (2:0) и Олимпијакос (3:2);

- Откако играат на новата Јувентус Арена, црно-белите загубија само еден од нивните последни 14 натпревари во Европа и во Торино имаат учинок 8 победи, 5 нерешени и 1 пораз;

- Јуве има одличен учинок против шпанските клубови во Европа. На претходните 20 натпревари со гости од Шпанија, Јуве има 12 победи, 6 ремија и 2 порази;

- Атлетико Мадрид победи на 5 од последните 8 натпревари на гостински терен, взаемно со триумфот на Малме во 4. коло (0:2) во Шведска;

- На Апенинскиот полуостров, Атлетико Мадрид има против италијанските екипи има 4 победи, 1 нерешена и 4 порази. „Јорганџиите" последен пат во Италија славеа 1:0 против Милан на Сан Сиро;

Можни состави:

Јувентус: Буфон, Лихштајнер, Бонучи, Киелини, Евра, Маркизио, Пирло, Погба, Видал, Тевез, Љоренте

повредени: Азамоа, Ромуло, Барзаљи, Касерес, Коман

Атлетико Мадрид: Моја, Хуанфран, Годин, Хименез, Сикера, Арда, Тијаго Мендез, Габи, Коке, Раул Гарсија, Манџукиќ.

повредени: Миранда, Ансалди.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 5 КОЛО

Група А: Олимпијакос - Малме, Јувентус - Атлетико Мадрид 20:45

Група Б: Ливерпул - Базел, Реал Мадрид - Лудогорец 20:45

Група Ц: Бенфика - Баер Леверкузен, Монако - Зенит Санкт Петерсбург 20:45

Група Д: Борусија Дортмунд - Андерлехт, Галатасарај - Арсенал 20:45