Без цела стандардна петорка, Минесота не можеше да го избегне поразот од „воините", 16-ти на последните 20 натпревари.
Отсуствуваа Никола Пековиќ, Рики Рубио, Кевин Мартин и Рони Туриаф, и на Минесота Тимбервулвс и беше тешко да му парира на тим која сега има 13 победи по ред и најдобар учинок во клупската историја од 18 победи и 2 порази на стартот од НБА лигата.
„Сте играле ли некогаш Ризик? Се чувствувам како да сум Македонија со двајца, опкружен од 50 луѓе и држави на секоја страна и морам 49 пати да фрлам по две шестки", изјави Саундерс после поразот на Минесота и направи споредба со играта во која се освојуваат територии на мапата, а неговиот состав е мал и ослабен меѓу многу екипи.
Минесота во моментов има учинок од 4 победи и дури 15 порази, а Голден Стејт има 17 триумфи и 2 порази, со што постави нов рекорд на франшизата од 12 победи по ред. Во следното коло, Минесота игра против Портланд на свој терен, а Голден Стејт го пречекува Хјустон.
Забивањето на Зак Лавин беше единствен момент за одбележување во Минесота.