Во фер плеј игра ЕЛЕМ подобар од Контрола на летање

Последното коло во Бизнис лигата со победи го отворија и екипите на СЦ Борис Трајковски и Sistina.

СЦ Борис Трајковски со тимска игра го совлада ЕВН

ЕВН 8-9 (4-6) СЦ Борис Трајковски
ЕВН: Дарко Милошески 7’, 19’, 26’, 32’, 40’, Душко Силјановски 8’, 30’, Зоран Кочески 18’
СЦ Борис Трајковски: Сашо Димитровски 3’, Влахо Костов 9’, 37’, Љубомир Стојановски 16’, 35’, Марјан Христов 18’, 19’, Јован Димовски 20’, 25’

Во првото полувреме и двете екипи беа ориентирани офанзивно и во текот на целото прво полувреме главниот акцент го имаа ставено на нападот. Се играше доста брз фудбал со многу удари кон двата гола, но мора да напоменеме дека имаше и одлична реализација и на двете страни, па полувремето заврши со голем број на голови 4-6. Во второто полувреме се продолжи во ист ритам, и двете екипи играа доста отворено, но во клучните моменти екипата на ЕВН промаши пенал по кој следеше казна од страна на СЦ Борис Трајковски за запечатување на победата од 8-9.

Во фер плеј игра ЕЛЕМ подобар од Контрола на летање

Контрола на летање 3-11 (1-3) ЕЛЕМ
Контрола на летање: Звонко Зоксимовски 19’, 30’, Фарук Мифтари 40’
ЕЛЕМ: Влатко Петровски 8’, 24’, 27’, 30’, Димче Димитријески 10’, 25’, Пеце Соклевски 14’, 33’, 37’, Петко Бушески 31’, Диме Милевски 39’

Екипите на Контрола на летање и ЕЛЕМ одиграа натпревар кој го красеше фер плејот. Се играше коректно и на двете страни со доста атрактивни потези на задоволство на публиката која се забавуваше во овој натпревар. Подобрата физичка подготвеност на екипата на ЕЛЕМ дојде до израз. Кај екипата на Контрола на летање беа клучни неколкуте погрешни додавања кои ЕЛЕМ ги искористи за победа на овој натпревар од 3-11.

Систина ја продолжува победничката серија и против МЕПСО

МЕПСО 3-6 (1-3) Систина
МЕПСО: Борис Трајковски 12’, Златко Ацевски 29’, Никола Несторовски 35’
Систина: Даниел Боневски 4’, 8’, Горан Манов 20’, 25’, Александар Јаневски 24’, 32’

Екипата на Систина и против МЕПСО прикажа одлична рола која ги водеше до победничката серија која ја започнаа пред неколку меча кога на нивната клупа се приклучи Илчо Тончевски. Кај МЕПСО беше воочлива слаба игра пред се во одбраната, што и овозможи на Систина да стигне до лесна реализација пред се во второто полувреме кога впорчем и ја направи разликата за победа на овој натпревар од 3-6. Полувреме 1-3.

10 декември 2014 - 10:54