Денвер е новата жртва на менито на „Јастребите“

Кошаркарите на Атланта Хокс ја продолжуваат одличната форма во НБА лигата, а со вечерашниот триумф од 96:84 против Нагетси стигнаа до шестото славје по ред.

Хокси беа доминантен противник и имаа двоцифрена предност речиси во текот на целиот меч. Првите 10 минути ги стартуваа со предност од 32:21, а на полувреме заминаа со високи 21 поен разлика.

Гостите притиснаа најмногу во последната четвртина и на 3 минути до крајот ја стопија негативата на 7 поени разлика, но Корвер на брзина постигна тројка, а Атланта искусно го приврши мечот и победи со 12 поени разлика.

Перо Антиќ играше најдобро во првата четвртина кога постигна 6 поени и 4 скока, а натпреварот го заврши со минутажа од 15 минути во кои постигна вкупно 7 поени, 6 скока и една асистенција.

Најдобар поединец кај „Јастребите“ беше Пол Мислап со 23 поени, а најефикасен на средбата беше Вилсон Чендлер со 29 коша и 10 скока.

Следниот меч Атланта го игра на гости против Индијата Пејсерс.

Блокадата на Ал Хорфорд

Цепелинот на Денвер

Поените на Керол со звукот на сирената на асистенција на Антиќ

8 декември 2014 - 00:44