Италијанската фудбалска федерација и одзема еден бод на Парма за неплатен данок од ноември и декември 2013 година, како и за непочитување на рокот за исплата на две месечни плати на фудбалерите.
Парма се соочуваше со голем ризик и можеше да остане без сите 6 бодови кои ги има во моментов, но судот при федерацијата одлучи да го казни со само еден бод, како и парично во износ од 5.000 евра.
Италијанскиот прволигаш кој викендов загуби на домашен терен од Лацио со 2:1, ужасно ја стартуваше сезоната во Серија А и се наоѓа е на дното на табелата со скор од само две победи и 12 порази.
Тимот од „Енио Тардини“ минатата сезона заврши на шестата позиција на табелата кое и носеше пласман во Лига Европа, но и тогаш имаше проблем со неплаќање данок и поради тоа УЕФА не им издаде лиценца за учество на европските натпреварувања.