Offside

Најголемите европски атлетски ѕвезди се во Бирмингем каде од 10-ти до 16-ти август ќе се борат за вредните одличја во година кога нема Олимписки игри и ќе ја отворат натпреварувачката сезона на отворено. Ивановски единствен Македонец.

Зошто не треба да се враќа на голман

Голманот на Бенфика, Артур (33) со катастрофална интервенција замолкна 50 илјади луѓе на стадионот „Луж“ во Лисабон. Во градското дерби, Бенфика поведе во 12. минута преку Гаитан, а осум минути подоцна Спортинг израмни преку Алжирецот Слимани кој го искористи подарокот од Артур.

Енгри брдс заслужни што Финска игра на СП

Февруарското доделување на вајлд карти за учество на Мундијалот предизвика бурни дебати во кошаркарската јавност, а скандинавската селекција на необичен начин обезбеди учество на првенството во Шпанија.

Милито против трибина

Диего Милито даде гол за водство на неговиот Расинг во дербито против Индепендиенте, па реши да се закача со домашната публика на која толку ѝ требаше да се распали. На крајот за две минути домашните дадоа два гола па Милито остана со празни раце.

Фудбалска доза во септември

Деветиот месец од годината ќе донесе богата спортска понуда, затоа што нè очекуваат градското дерби во Мадрид, Милан - Јуве, пријателски средби, квалификации за Европско првенство во фудбал, Лига на шампиони и Лига Европа.

Цонга - Мареј на Еуроспорт 1

По богатата спортска програма викендов, почетокот на неделава носи нешто поскромна понуда. Во расплетот на УС Опен, Жо Вилфред Цонга и Енди Мареј ќе се борат за полуфиналето, a доцна вечерва и првиот прав предизвик за кошаркарите на Шпанија против Бразил.

СП: Фаворитите со победи го затворија второто коло

Селекциите на САД, Шпанија, Грција и Литванија триумфално го затворија вториот ден од натпреварувањата по групи на СП во Шпанија. Нивни „жртви“ вечерва беа Турција, Египет, Филипини и Ангола.

Бразил убедлив, Франција до првата победа

Во попладневните натпревари од второто коло на Мундијалот, „триколорите“ ја совладаа Србија со кош на Ловерњ во последната секунда. По дебаклот од САД синоќа, Финска неочекувано ја победи Украина. Нови бодови запишаа Словенија и Бразил, а Сенегал стигна до првата победа на Светското првенство.

Пандев заминува на Босфорот

Поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев на крајот од преодниот рок најде нов клуб. Во пакет со струмичанецот во Галатасарај оди и неговиот тимски соиграч од Наполи, Блерим Џемаили.

Гаучосите поразени од Хрватска, славеше и Доминикана

Во дербито на групата Б. избраниците на Јасмин Репеша го остварија и вториот триумф на првенството, откако попладнево ја совладаа Аргентина со 90 - 85 . Раниот термин донесе и прва победа за Доминиканска Република, која го изненади Нов Зеланд. додека Австралија тренираше со Јужна Кореја, 89 - 55 .

Тотенхем - Ливерпул на Спортклуб 1

Покрај натпреварите од Светското кошаркарско првенство, денешната спортска програма е збогатена и со англиски, шпански и италијански фудбал. Следува и расплетот на Мастерсот во Њујорк.

Очекувана доминација на САД и Шпанија, Франција потклекна

Пау Гасол го предводеше домаќинот на 17. Светско првенство во победата против Иран на отворањето. Дрим тимот прими само 2 поени во втората четвртина од Финска.

СП: Хрватска се провлече, Турција подобра од Нов Зеланд

Во натпревар кој за малку ќе донесеше сензација на отворањето на Мундијалот во Шпанија, „коцкестите“ по продолженијата славеа над Филипини. Турција со серија од 15:0 во последната четвртина го скрши отпорот на Нов Зеланд. Од фаворитите славеа уште и Србија и Украина против Египет, односно Доминиканска република.

Франција – Бразил на Сител 3

Почеток на Светското кошаркарско првенство, Серија А и ракометната СЕХА лига, потоа дерби дуел во Бундеслигата, тенис во Њујорк и пред се многу фудбал е денешната спортска понуда на тв.

Серија А со старци и странци

Минатата година повеќе од половина играчи (52,7%) во италијанските клубови беа странци, а годинава фудбал на Апенините ќе играат уште 60 нови играчи кои дојдоа од други лиги. Повратници во прволигашкото друштво се Емполи, Палермо и Чезена.

Составот на Шпанија против Македонија

Македонската фудбалска репрезентација, новиот квалификациски циклус за ЕУРО 2016 го започнува на 8 септември на Местаља. Шпанскиот селектор Висенте Дел Боске во составот не ги повика Фернандо Торес, Хуан Мата и Жерар Пике, додека Чаби Алонсо и Чави Хернандез се тазе повлечени од националниот тим.

Мајсторија на Флешинг Медоус во Њујорк

По најмладата победничка на годинешниот УС Опен го имаме сигурно и најдобриот поен. Хрватот Иван Додиг му нарача космодиск на Фелисијано Лопез од Шпанија.

Најмладите тенисерки во историјата

Бајката на американската тинејџерка Сиси Белис на УС Опен заврши во третото коло, но и покрај тоа таа остана најпријатното изненадување на годинешниот Мастерс во Њујорк.

Муарем на Меаца, Јаховиќ против Севиља

На денешната ждрепка во Нион, нашите четворица претставници ги дознаа своите противници во групната фаза од второто по квалитет клупско европско натпреварување. 

Венгер вакви бара

На 3 август наполни 17 години, а само еден ден по роденденот за поклон доби прв професионален догоров од Арсенал. Со талентот кој го има сигурно дека Даниел Кровли за кратко време ќе почне ваквите мајстории од слободен удар да ги прави за сениорскиот тим пред полн Емирати.

Почнува Мундобаскетот 2014 во Шпанија

По Светското фудбалско првенство во Бразил кое ви испланира еден месец од летото, од викендов ќе имате на тв слична занимација, но во кошарка со најдобрите 24 репрезентации од светот.

Фудбалот не е важен, туку парите

По вчерашниот триумф над Актобе од Казахстан, фудбалерите на Легија мораа да се задоволат со пласман во Лига Европа. Но навивачите не можат да ја прежалат казната од УЕФА која ги исфрли од квалификациите за ЛШ, поради тоа на реваншот против Селтик влезе фудбалер кој немаше право на настап. Пољаците имаа вкупни 6:1 против Селтик во третото квалификациско коло, но не заиграа во плејофот од најелитното клупско европско натпреварување.

Валенсија – Малага на Спортклуб 3

Како за петок, спортската понуда на тв воопшто не е лоша. Ви нудиме четири првенствени фудбалски натпревари и мечеви од Грен слем турнирот во Њујорк.