Марко Ројс казнет со половина милион евра

Фудбалерот на Борусија Дортмунд до сега добил пет казни за брзо возење, но дури сега го откриле дека нема возачка дозвола.

Германската полиција на Ројс му одреди огромна казна од дури 540.000 евра, за немање на возачка дозвола, а весникот Билд пишува дека тој возел на диво веќе три години.

Според законот кој се применува во неколку европски држави, германскиот репрезентативец ја добил високата казна врз основа на неговата висока плата, а земено е предвид и тоа што не е женет и нема деца.

„Денес знам дека бев многу наивен и дека тоа што го направив беше глупаво. Ја научив лекцијата и ова нема да се повтори", изјави Ројс.

Борусија го плаќа Ројс 65.000 евра неделно, што значи дека парите ќе ги исплати со нешто повеќе од два месеци играње фудбал.

25 годишниот фудбалер почнал да зема часови за возење на 18 години, но никогаш не полагал возачки испит.

18 декември 2014 - 10:58