Шмајхел остана човекот со кој го споредуваат секој голман на Манчестер Јунајтед во последните 15 години. Покрај пантерските одбрани, беше познат и по модриците, затоа што голот го бранеше буквално со цело тело.
Слично како Шмајхел, и Де Хеа му се постави на Балотели со нога и му го одбрани шутот на Италијанецот кој можеше да намали на 2:1.
„Еднаш Стен Колимор беше во десниот агол од петерецот и начека волеј каков што може да посака. Знаеше каде е голот, но не знаеше каде сум јас, затоа што истрчав на прва. Го фати волејот со полна, но јас се поставив така што ме погоди право во бутот. Се колнам дека таква болка никогаш не сум почувствувал, а модриците ми стоеа цели 2 месеци. Сепак, тоа е знак дека успешно си бранел. На секој голман му е убаво кога ќе го погодат во телото, а не во голот“, напиша Шмајхел во својата биографија.
Одбраната на Де Хеа можеби не беше најдобра на мечот, шутот на Балотели не беше меѓу најдобрите, но Шпанецот покажа прецизност.
Фудбалските вештини може да се поделат во четири категории: физички, технички, психолошки и тактички. Во текот на изминатите три сезони, Де Хеа е подобрен во сите четири аспекти.
Најголемиот напредок има во неговиот физички развој. Тој во Англија пристигна како срамежлив голман, но и слабо развиен, тежеше само 70кг. Почна да внесува новитети во начинот на живот и за прв пат почна да крева тегови. Тоа му помогна во борбата во воздушните дуели, а стана поуспешен и во дуелите еден на еден. Шмајхел смета дека голманот треба да има одредено ниво на рубосност за да биде повеќе почитуван од противникот.
Де Хеа е многу подобар и во техниката, а тоа го истакна и Гери Невил кој рече дека кај него видел забележително подобрување во играта еден на еден. Најдобрите голмани остануваат на нозе колку што е може повеќе, а послабите лесно паѓаат и им даваат на напаѓачите полесна задача да постигна гол. Не е ниту потребно да се гледаат видеа од настапите на Де Хеа од неговата претходна ера во Атлетико Мадрид. Дека тоа е лош пример покажа и Бред Џонс кој на дуелот против Манчестер прими легна порано на земја и на тој начин прими два гола.
Подобрувања кај шпанскиот голман има и од психолошки аспект. Кога пристигна во Англија имаше тешкотии да се прилагоди на новиот начин на живот. Најпрво се вознемири од упадите на таблоидите во неговиот приватен живот и мораше да се справува со неговата девојка за да остане да живее во Шпанија со нејзините родители.
Додека настапуваше во Атлетико, на тренинг одеше со татко му, кој е поранешен голман, а тој му даваше фидбек за сработеното. Но во Јунајтед тоа не му го дозволуваат. Од анализата на Невил произлегуваат и бројките дека оваа сезона Де Хеа брани со 92% успешност, а претходно бројките во проценти му изнесувале 56 и 69. На тоа подобрување многу работел и Шмајхел.
„Бев навикнат да ги скротувам нафрлените топки од крилните позиции. Мислев дека без никакви проблеми ќе се навикнам на англискиот начин на игра, но сфатив дека воздушните дуели на напаѓачите е сосема нормално да им биде предизвик и не бев навикнат на тоа. Полека почнував да сфаќам дека морам да се приспособувам на стилот на игра.“, изјави Шмајхел.
Тоа прилагодување во англискиот фудбал е од витално значење. Треба да се напомене дека Де Хеа во Атлетико веќе беше истакнат играч и очигледно слабост му беа долгите топки. Во англискиот фудбал има многу предизвици и ако некој претходно не знаел ништо за него пред да дојде, нема да знае дека на пример Стоук преферира многу долги топки и треба околу една година да се прилагоди некој на нивниот стил.
Во Англија навивачите, експертите и играчите сакаат да им ги пронајдат и анализираат слабите страни на странците, но потоа ги фалат ако заслужат. Кристијано Роналдо на почеток беше себичен и циничен, но за шест сезони во Манчестер имаше неверојатен напредок и потоа беше признат за најдобар играч во Премиер лигата.
На својот деби меч против Сандерленд, Роберт Пирес остана на клупата на Арсенал, бидејќи Арсен Венгер сметаше дека му е потребно време за да разбере како тука се играат натпреварите.
Од играчите во поново време во прашање беше доведена и физичката подготвеност на Лука Модриќ, Давид Силва и Тео Волкот, но потоа тие на терен го покажаа спротивното.
Во првите денови Де Хеа беше слаба алка во Манчестер, но сега е ментално и физички посилен, а сезонава е еден од играчите со најдобри партии во Премиер лигата. И покрај серијата од шест победи но низа, Ван Гал сè уште има проблеми со играта, но за развојот на младите и адаптирањето во англискиот фудбал Де Хеа е вистински пример.