Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Краудер доби ќотек од Кавалирс

Прекарот им е Кавалерс, но синоќа против Бостон немаа ништо кавалерско, особено против Џае Крадер кој толку ќотек не доби цел сезона претходно.

Пандев не игра, но е близу до титулата во Турција

Со голот на Хакан Балта во 85' минута, Галатасарај вчера го прекина мачењето со Газијантеп и го искористи киксот на градскиот ривал Фенербахче. Голот значеше и луда прослава во студиото на клупскиот канал.

Чистка на Истокот, Кливленд и Визардс одат понатаму, Далас преживува

Кошаркарите на Вашингтон и Кливленд се пласираа во следната рунда на источната конференција. ЛА Клиперс го доби Сан Антонио и израмни на 2-2 во серијата, во која Далас уште се држи со Хјустон Рокетс.

Лош пречек за Јуве пред Олимпико

Клупскот автобус на Јувентус бил нападнат пред градската битка со Торино, од која Бјанконерите излегоа поразени 2-1. Тоа беше прв триумф на Биковите над Јувентус после цели 20 години.

Играчите кренаа раце од Пипо Инзаги

Удинезе шест кола немаше победа, за вчера да го совлада Милан 2-1 и со тоа да им отвори нови проблеми на Росонерите. Берлускони решен да му даде отказ на Инзаги, но Галијани побарал уште една шанса за младиот тренер.

Владимир Кличко владее со светскиот бокс

Браќата Кличко од борба во борба покажуваат дека во моментов им нема рамни во светскиот бокс. Синоќа во Медисон Сквер Гарден, Кличко го совлада Брајант Џенингс на поени и ја одбрани титулата.

Голден Стејт полуфиналист, прв пораз за Атланта од Бруклин

Кошаркарите на Голден Стејт со убедливи четири победи против Њу Орлеанс се пласираа во полуфиналето на Западната конференција. Чикаго загуби од Милвоки со кош во последната секунда и сега е 3-1 за Булси во серијата.

Пласман во Премиер лига прославен во автобус

Фудбалерите на Вотфорд денес славеа 0-2 на гостувањето во Брајтон, а на враќање дома дознаа дека се сигурен учесник во Премиер лигата следната година. Тоа задоволство им го пружи Фулам кој го победи Мидлзборо со гол во 95-та минута.

Ициденти на белградското дерби

Сè уште не започна 148. дерби Црвена звезда - Партизан, а на трибините избија големи нереди. Навивачи на Партизан од источната трибина ги испровоцирале домашните, кои повеќе од половина час се тепаа со полицијата на северната трибина.

Баерн Минхен vs Фрикикерз

Двајца изведувачи на слободни удари од групата Фрикикерз се пробаа со Чаби Алонсо и Данте. Секој поединечно изведе по два слободни удари, а победата ја однеса Баварците.

Интер - Рома од 20:45 и Бруклин - Атланта од 21:00

Покрај натпреварите од најдобрите европски лиги, денес на програмата е и ракометниот дуел Вардар - Металург од домашното првенство. Во АБА лигата почнува финалната серија, а во Барселона се игра полуфиналето на тенискиот АТП турнир.

Револверашот Џејмс Харден го построи Далас

Кавај Леонард сам го победи Далас Маверикс и го водеше Сан Антонио до 2-1 во плејоф серијата. Одлична вечер за Полјакот Гортрат од Вашингтон кој сега води 3-0 против Торонто Репторс.

Пеп се враќа дома, за прв пат ќе игра против своите

За прв пат во својата тренерска кариера, Пеп Гвардиола ќе игра против Барселона, неговиот клуб, дом и град. Според Луис Енрике, Гвардиола е најдобар тренер на светот, но Баерн немал среќа што им паднала Барса во полуфиналето.

Десант на стадионот Емирати сред бел ден

Во пресрет на градското дерби со Топџиите, Сините имаа храбра авантура до Емирати и макар на 10 минути ја освоија територијата на Арсенал во северен Лондон.

Најдобрите 11 кои не освоија Лига на шампиони

Кога гледаш кои имиња се во тимов, освен Венгер за другиве 100% ќе си речеш дека нема шанси да немаат освоено ЛШ. Годинава има шанса само Буфон кој со Јуве е во полуфинале, а од догодина ќе имаат и Ибрахимовиќ и Венгер.

Жолтите дресови на Арсенал им носат малер

За нешто повеќе од еден месец Топџиите играат финале во ФА купот против Астон Вила, но откако излегоа детали за средбата, навивачите се намрштија.

Атинското дерби - кратка линија на животот

Во продолжение од дерби серијалите на ЕСПН, редот му дојде на еден од најжестоките дуели во Европа. Оној во Атина, каде право чудо е ако натпревар меѓу зелено и црвено-белите не се прекине и ако нема повредени.

Јувентус и Реал Мадрид низ бројки

Според анкетите пред ждрепката, навивачите на Јувентус го посакуваа Реал Мадрид во полуфиналето од ЛШ. Тоа им се оствари, така што сега се крстат и во традицијата која е на нивна страна.

Еден на еден со Еден Азард

Брз е, често асистира, а сезонава партиципира со одлични 13 голови за Челси кој е блиску до титулата во Премиер лигата. Белгиецот според карактеристиките за многумина е Меси број 2.

Атлетико заработил 20,5 милиони евра од ЛШ

Иако во средата во Мадрид го завршија патот кон Берлин, „Јорганџиите“ може да бидат задоволни, затоа што ја наполнија клупската каса по резултатите во Лигата на шампионите.

Браќата Алкантара збореа на скајп за време на ждрепката

Тијаго Алкантара од Барса му рекол на помладиот Рафиња од Баерн дека на денешната ждрепка во Нион токму нивните два клуба ќе се паднат во полуфинале. Тијаго точно предвиди, братски дуел ќе има во Лига на шампиони.

Многу арно не е на арно

По фамозната Кис камера, каде режисерите на спортските борилишта ловеа парови во публиката кои се бакнуваат, сега на ред дојде Флекс кем. Оваа камера лови набилдани бицепси во салата, што му овозможи на еден гледач да се прави важен пред девојките. На крајот седна како попарен.