Фудбалерите на Арсенал сезонава ќе ја бранат титула во ФА купот против Астон Вила, но на нивниот сајт денеска се појави вест дека треба да носат сини гаќици и жолто – сини дресови.
Проблематична е бојата на дресовите со која тимот од Лондон ги загуби сите претходни четири финалиња. Лошата серија им започна во 1980 година против Валенсија и Вест Хем.
На првото финале загубија 1:0 од Вест во финалето од ФА купот на 10 мај 1980-та.
Четири дена потоа играа со жолти дресови против Валенсија и беа поразени на пенали во Купот на Куповите на победниците.
20 години подоцна во финалето од Купот на УЕФА кое се играше во Копенхаген се сретнаа против Галатасарај, но и тој дуел го загубија на пенали.
Жолтата боја се покажа малерозна и во финалето од Лигата на шампиони против Барселона кога во 2006-та загубија со 2:1.
На 30 мај на стадионот Вембли во Лондон Арсенал против Астон Вила го игра петтото финале во жолти дресови. Резултатот не би го прогнозирале.