Додека полуфиналистите ги чекаа своите противници на ждрепката во Нион, Атлетико Мадрид брои пари. Според Марка, само од Лигата на шампионите оваа сезона заработиле 20,5 милиони евра.
Колчонерос заработиле 8,6 милиони евра со самиот пласман во групната фаза, 3,5 милиони за влез во осминафиналето и 3,9 милиони евра за учество во четвртфиналето каде испаднаа од Реал Мадрид. Во меѓувреме инкасирале 5,5 милиони евра од победите во групната фаза (победа носи милион, нерешено носи пола милион евра).
Ако на овие суми им се придодаде заработката од телевизиските права, рекламите и спонзорите, мадридскиот клуб на крајот добива сума од околу 40 милиони евра.
Поради сево ова, главна цел на Атлетико Мадрид секоја година е третото место кое води директно во елитното натпреварување. Затоа никој од управата не им замери на Симеоне и неговите фудбалери што испаднаа од Реал Мадрид. Приоритет останува местото во ЛШ, а за тоа на Атлетико му останува уште шест круцијални битки до крајот на Ла Лига.