Offside

На 66 годишна возраст почина легендарниот фудбалер на Милан и репрезентацијата на Италија, вечниот број 6, Франко Барези.

Новак зборува седум јазици и се разбира во политика, економија, спорт

Поранешниот германски ас зборува за соработката со српскиот тениски ас и причините поради кои му станал тренер. Преговорите траеле два дена во Монако. Ѓоковиќ без Бекер освои 5 Гренд слем титули за 10 години, а со него 5 за 2 години.

Патот околу светот на Хидетоши Наката

Најпознатиот Јапонец што играл во Европа не знаел ништо за својата земја затоа што животот му се сведувал на хотел-автобус-авион-карантин. Решил да го промени тоа и за шест години ја пропатувал целата татковина. Сега произведвуа саке и се занимава со ќерамика.

На детето за топчиња не му е денот

На мечот меѓу Тајмур Габашвили и Николас Алмагро во Барселона, едно од децата задолжени за топчињата на теренот не знаеше кога треба да застане.

ЕЛЕМ ја искористи слабата реализација на Алкалоид

Во првиот ден од 19. коло во Бизнис лигата на Македонија победи остварија Пекабеско, ЕВН и ЈСП.

Олимпија Љубљана го отпушти тренерот поради расизам

Некогашниот тренер на белградските екипи Рад и Партизан, Марко Николиќ доби отказ од Олимпија поради расистичкиот испад кон својот играч, Нигериецот Блесинг Елеке.

Црвениот картон на Солскјер кој не го прифати Фергусон

„Во Јунајтед никогаш не победуваме на таков начин, ние победуваме со фер плеј“, изјави легендарниот стратег на Манчестер Јунајтед пред точно 18 години по овој очаен начин на напаѓачот на Манчестер да спречи гол на Њукасл.

Да бев претседател ќе го избркав тренерот, а играчите на клоци

Нерешените 2:2 против Аталанта по првиот дел против Рома, го разбеснија Спалети кој повторно влезе во кавга со Тоти. Серија А памети многу дрски и нервозни реакции на тренерите кои партал ги прават со критиките своите играчи.

Брзопотезниот Луис Енрике на прес

По синоќешниот пораз од Валенсија кој удри печат на кризата на Барса, Луис Енрике беше прашан од новинарот Виктор Мало дали физичката спремност се одразува на лошите резултати. Енрике одговори: „Како ти беше презимето"? -Мало (на шпански значи лошо). „Така е. Следно прашање".

Во Лацио се пее и српско

Новиот тренер на Лацио Симоне Инѕаги ги врати насмевките кај фудбалерите со две победи на два меча. Српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ Савиќ не играше на вчерашниот меч против Емполи, но му ја одржа првата лекција по пеење на Нигериецот Онази кој беше стрелец на вториот гол.

Најдоброто бегање од редари и џандари

Додека сите тие што скокаат на терен кога ќе почнат да трчаат држат еден правец, а тоа е само право, навивачов има цик - цак тактика и никој не успеа да го фати, се додека не дојде моментот кога реши да им попушти пред гол. Се работи за мечот меѓу Зенит и Спартак Москва кој се одигра викендов.

Купи го воздухот што го дишеше Коби Брајант

Ако сакате баскет со потпис на Коби Брајант, дрес или шорцеви епа тоа нема на продажба, ама затоа ќе најдете една будателинка која на Ибеј продава ќеса со воздухот на легендата на Лејкерси кој за последен пат дишеше како кошаркар на 13 април против Јута Џез.

Целиот мој живот на тебе посветен

Дедо Агустин де ла Фуенте Квинтана бил првиот социос (член) со членска карта на Атлетико Мадрид. Ја поседувал цели 73 години. Во 2005. година се појави во рекламата за Колчонерос, а почина истата година на 92 години во Мадрид.

Што се случува со Барселона?

На 3. февруари Барселона ја прегази Валенсија со 7:0 во полуфиналето на Кралскиот Куп. На 17. април, Лилјаците славеа 1:2 и така им го нанесоа третиот пораз по ред на Каталонците, нешто што не се случило од февруари 2003. година.

Сите 500 голови на Меси

И покрај дебаклот од Валенсија (коефициент зa 2-2 3+ во една кладилница беше 35) и третиот пораз во низа во Ла Лига, јубилејов не е за занемарување. Никлас Бентнер на пример да има 5 фудбалски кариери нема да му успее ова.

Трпение спасение на Глазгов Ренџерс

Во јули 2012. година славниот Глазгов Ренџерс поради банкрот испадна во 4-та лига. На 6. април 2016-та година Ренџерс обезбеди место во шкотската Премиер лига, а вчера во полуфиналето на шкотскиот ФА Куп на пенали го совлада смртниот ривал Селтик. Голот на МекКеј во продолжение беше посебно убав.

Напаѓач одбрани пенал во Англија

Голманот на МК Донс Коди Кропер доби црвен картон во 81' минута од мечот против Престон во Чемпионшип. Гостинскиот тренер веќе направи три измени, поради што немаше право да стави голман и пеналот го бранеше центарфорот Аксел Ревел кој влезе во 67' минута. Средбата заврши 1:1.

Нов триумф на Нико Розберг, трет по ред

Возачот на Мерцедес, Нико Розберг е победник на овогодишната трета трка во Ф1, за Големата награда на Кина. Себастијан Фетел извозе неверојатно и покажа дека сезонава цели кон висок дострел.

Шест победи за домаќините

Ова се денешните шест предлози на Мирјана од шест различни првенства.

12 причини зошто го почитуваме Диего Симеоне

Диего Симеоне го утврди Атлетико Мадрид како една од непокорливите сили на светскиот фудбал и тоа го направи со својот единствен, жесток манир.

Седум натпревари со 100че носат 5.000

Ова се денешните типови на Мирјана која предлага и едно изненадување.

Македонија е исфрлена од квалификациите за ЕП 2017

Меѓународната кошаркарска федерација испрати допис до 14 федерации меѓу кои и нашата со известување дека сите репрезентации на овие членки на ФИБА го губат правото за настап на квалификацискиот циклус.

Формата на полуфиналистите во ЛШ и нивните претходни дуели

Кралевите во својата историја одиграле вкупно 26 полуфиналиња и имаат скор од 13 победи и 13 порази, а за Манчестер Сити ова ќе биде прво. Историјата зад овие две полуфинални двојки е куса.

Сте виделе ли ваков пенал до сега?

Ќе ви одговориме ние. Не се виделе и нема ниту да видите. Играчов што шутираше има среќа за пенали колку што имаше Роберто Баџо на Светско во 94-та.