ФА овојпат настојуваше да најде добар тренер и не се фокусираше на националноста. Позицијата на асоцијацијата ја истакна Глен Мартин, извршниот директор на ФА:
„Треба да биде човек, маж или жена кој е најпогоден за таа работа. Најверојатно маж но главно е да е релевантен за оваа должност. Не може да исклучиме никого. Во идеален случај тоа би бил некој тренер со сериозно искуство во англискиот фудбал".
Во карактеристиките најмногу се вклопуваше Арсен Венгер кој има уште една сезона договор со Арсенал. На насловната страна на влијателниот The Telegraph стоеше дека Венгер е приоритет на федерацијата, а Сем Алардајс доби повик откако стана јасно дека Французинот останува во Арсенал. Од ФА се надевале дека Големиот Сем не чита весници наутро.
Според бројни медиуми, во базенот кандидати водееа Алардајс, Брус, Клинсман и 38-годишниот Хау од Борнмут. Алтернативите Герет Саутгејт и Алан Пардју се повлекоа од трката. Хау се сметаше за премногу млад а Клинсман долго време беше фаворит на кладилниците.
Но мантрата за „сериозен тренер со искуство во англиската лига" го лишти некогашниот играч на Тотенхем од фаворитската улога. И него и Ларс Лагербек, иако играчите (Руни, Кејхил, Харт и Милнер) непосредно претпочитале странец за селектор.
Кој одлучува кој ќе биде нов селектор?
Главното решение го носат тројца - Техничкиот директор на ФА, Ден Ешворт, потпретседателот Дејвид Гил и споменатиот Мартин Глен. Глен е именуван во март минатата година, а до тогаш бил посветен во снимање реклами. Тој е најзаслужен за тоа што Гери Линекер стана лице на чипсот Walkers.
Мартин има тренерска лиценца, но никогаш досега не водел тим, а на една од неодамнешните прес-конференции изјави искрено дека тој не е фудбалски стручњак. Глен одржал низа консултации за новиот селектор со авторитетни луѓе - Стивен Џерард, Џо Кол и Рио Фердинанд.
Ешворт го направил своето име во Вест Бромвич, работел заедно со Стив Кларк, Роберто Ди Матео и Рој Хоџсон. Со него ВБА престана да биде јо-јо тим и наизменично да испаѓа и влегува во Премиер лигата. Исто така, Ешворт во ФА работел и во развојот на „англиската фудбалска ДНК" - мултилевел програм кој има за цел да им даде исправно образование на младите играчи.
Дејвид Гил 10 години беше извршен директор на Манчестер Јунајтед кој замина веднаш после Сер Алекс Фергусон. Интервјуто со Сем Алардајс го направиле во луксузниот дом на Гил.
Тоа е тоа што го сакаше Сем Алардајс?
Биг Сем конечно ја доби работата на животот. Никој никогаш не сомневал во неговата желба да ја води репрезентацијата. Самиот Алардајс во својата автобиографија напишал: „Мислам дека треба да бидам еден од кандидатите кога повторно ќе се отвори ова прашање". Тоа го пишал во 2006. година кога заминал Свен Горан-Ериксон.
Кога се раширила информацијата дека Биг Сем би можел да биде селектор, Алардајс и рекол на жена му: „Морам да прифатам. Тоа е повеќе од клуб, таму ќе бидат најдобрите играчи со кои некогаш сум работел". Покрај тоа Биг Сем во Мадрид се видел и со Дејвид Бекам. Некогашниот капитен на "Three Lions" изјавил дека новиот селектор на Англија треба да има искуство во ЛШ и на Мундијалот.
По признание на Сем, тој го преубедил Бекс на една вечера во ресторан. Но се било залудно, столицата му припадна на Стив Мекларен кој не се квалификуваше за ЕП 2008. Алардајс тогаш со зла иронија изјави дека легендите во канцеларијата на ФА се заостанати.
Кога се појавил со своите погледи на фудбалот, на дофат на раката немал фајлови од PowerPoint, туку само хартиени листови. За разлика од сите претходни обиди, Сем сега е многу повеќе почитуван. Повеќе отколку во 1991. година кога му се јавил ирски свештеник (како сопственик на Лимерик) и му понудил на 36-годишниот Алардајс да го преземе тимот. Свештеникот сметал дека неговиот пријател може да изгради сериозна тренерска кариера и му рекол дека мизерните плати зависат само од полнењето на пакетот за донации.
Чесниот отец Џо Јанг осекогаш бил луд за Сем Алардајс. Од моментот кога се запознале, харизматичниот тренер стекнал многу пријатели и почитувачи на неговиот стил на управување. Еден од нив бил и Алекс Фергусон. Шктоланаѓнаецот многу го сакал Биг Сем.
Сем можел да бира каде ќе продолжи, но најразумна опција била менаџер во Премиер лигата. Мурињо еднаш го нарече фудбалот на Алардајс „фудбал на 19. век", затоа што не играл атрактивно и работел само со клубовите од долниот дел на табелата кои се приморани да се бранат.
Именувањето на Алардајс за селектор на Англија и не е толкаво изненадување, затоа што за него се збори години нананзад. „Ставете го, па да видиме што ќе биде", најчесто јавноста ја советуваше ФА. Биг Сем е и омилен меѓу новинарите. Не е прагматичен како Рој Хоџсон и изгради подобра комуникација со пресот. Биг Сем е харизматичен и шармантен, доследен во изборот на играчи и би требал да ја врати Англија после потопот од Исланд.