Offside

Легендарниот бразилски центарфор кој во еден момент беше можеби најдобар шпиц на светот, во отворено интервју за Газета дело Спорт раскажува за својата неверојатна кариера и како тоа што селекторот на Бразил Сколари не го повикал бил повод да падне во тешка состојба и да посегне по разни супстанци.

Најголемиот ултрас меѓу џандарите

Римското дерби викендов му припадна на Рома која славеше со 2:0, а дел од делириумот на Олимпико беше и овој полицаец кој веројатно униформата ја искористил во тие два часа да биде само навивач и да не се замара со одржување на ред и мир.

Подемот на Феенорд во последните 10 години

Ајакс и ПСВ се владетели во холандскиот фудбал во последните две децении со вкупно 17 од можни 21 титула. Но Феенорд и покрај финансиските проблеми почнува да фаќа приклучок во друштво на славното трио и да атакува на титулата која последен пат ја освои кога Круз им беше шпиц.

Ако сакате да изведете финтаџиски пенал

Легендата на Свонси Сити, Ли Трндол ги запрепастува гледачите во втората велшка лига каде на 40 години го носи дресот на неговиот матичен клуб, второлигашот Ланели Таун и прави чуда по терените.

Тепачка на ракомет во Црна Гора

На дуелот од втората ракометна лига на Црна Гора меѓу Никшиќ и Морача, на 10 секунди пред крајот од средбата гостите воделе 23-21. Во тој момент еден играч на домашните удрил противнички ракометар поради што настанува општ хаос.

Руските комунисти ќе бришат делови од FIFA 2017 поради геј пропаганда

Пратеници од Комунистичката партија на Русија доставиле барање до Роскомнадзор (Федерална служба за надзор во сферата на соопштенијата, инфорамциските технологии и масовните комуникации) програмерите да направат промени во видео играта ФИФА 2017.

Најдобрата судиска проценка за соблекување дрес

Во сите лиги е установено дека ако играчот го соблече дресот за прослава на гол, веднаш добива жолт картон, но во овој случај судијата оправдано му рече „извини“ на правилото, ама овој пат јас сум во право.

„До вчера продаваше чорапи и каиши по Штутгарт, сега глуми феномен“

Босанецот Сенад Лулиќ сосема непромислено даде навредлива изјава за стоперот на Рома, црномурестиот Антонио Рудигер и сега го чека долга суспензија.

Осврт на деветтото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Во рамките на деветтото коло од Бизнис Лигата на Македонија можевме да проследиме десет натпревари во кои покрај возбудата бевме сведоци на неколку изненадувања пред се поради фактот дека екипите кои се послабо рангирани на табелата успеаа да ги изненадат своите противници кои беа фаворити во дуелите.

Голем број на луѓе ги тестираа новите Nike Pegasus 33 Shield патики

Терморегулацијата е една од најважните работи при вежбање на ниски температури. Одржувањето на температурата на телото на соодветно ниво, без прегревање, е основната придобивка која Nike Air Pegasus 33 Shield Pack ја овозможува на тркачите.

Најнепостоечки пенал во историјата

Во египетското првенство судија свирна пенал за кој ни тој самиот не знае зошто го свирна. Се чудеа дури и играчите кои добија удар од белата точка.

Секогаш постои ризик кога голманот го напушта голот

Ако ја гледате реакцијата на голманот, таа е исправна бидејќи ја рогна онака како што требаше. Реално ваков гол паѓа еднаш на 100 години, а овој пад падна во Чиле.

Зошто гол технологијата ептен врши работа

Ливерпул ќе сака што побрзо да го заборави гостувањето против Бурнемут, бидејќи имаше 1:3 и на крај загуби 4:3. Гол технологијата е до толку добра и прецизна, што успева да ги реши и ваквите ретки, ама важни ситуации кои шанса нема да ги процени точно судијата.

Вардар поразен во Полска, Кјелце надмоќен за првата позиција

Во последниот натпревар пред долгата зимска пауза, ракометарите на Вардар вечерва во 9. коло од ЛШ загубија од актуелниот европски првак Кјелце со 27-24.

Мурињо и Роналдо избегнувале данок?

Најголемите европски спортски медиуми на големо најавуваат откривање на еден од најголемите фудбалски скандали. Се споменуваат откривање докази дека многу познати фудбалери и тренери биле вмешани во незаконско работење.

Завршија надежите на Металург за осминафинале

Ракометарите на Металург го претрпеа петтиот пораз во 9. коло од Лигата на шампионите, а тоа значи крај за оваа сезона во елитата каде им преостанува уште еден натпревар. Тактиката без голман овој пат не им функционираше.

Ел Класико со едни други мајстори

Одиме со ретро снимка од 19 ноември 2005-та, кога главни ѕвезди на Ел Класико беа од една страна Роналдињо, Ето, Деко, Чави, а од другата Зидан, Бекам, Роналдо, Раул. На Сантијаго Бенабеу домашните навивачи му аплаудираа на бразилскиот генијалец за самбата, бидејќи тогаш играше во врвна форма.

Најава за дербито кое со душа го чека цел свет

Во 16:15 е закажана 265-та пресметка на Ел Класико на сите натпреварувања. Барселона води со 109:97, а 58 средби завршиле без победник. Најдобар стрелец во историјата на ова дерби е Лионел Меси со 21 гол. Барселона е домаќин и не смее да си дозволи пораз бидејќи во тој случај ќе падне на -9 на табелата во однос на големиот ривал.

30 дена во ноември, 30 голови

За сладокусците на голови кои минатиот месец пропуштиле многу хајлатси, повелете една доста фина компилација на топ 30 голови за ноември, сето тоа одлично зачинето со коментатори. Роналдо го нема, ги има Меси и Бејл, но тие се споредни играчи во однос на другите мајстори на листава каде прв заслужено е голманот со лудите ножички во 95-та.

Нико Розберг се повлече од Формула 1

Во неделата првпат во кариерата стана светски шампион во елитната Формула 1, а веќе денес, во петок одлучи да стави крај на кариерата.

Колку влијаат головите на Меси и Роналдо во освојувањето на бодови

Во пресрет на утрешното Ел Класико, јасно беше дека ќе се појави некаква паралела помеѓу најдобрите двајца кои секогаш се во фокусот на вниманието. Од што толку често се зборува за нив, веќе почна да не копка, за кои Меси и Роналдо ќе пишуваме кога овие двајца ќе одат во пензија.

Како Пепе чекал достава на новите копачки

Во пресрет на најголемото светско дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид во сабота, сите играчи во карантин психолошки се подготвуваат, а само Португалецот Пепе нестрпливо чека дечкото со моторче да му го донесе најновиот модел на копачки. Според рекламата на UMBRO секако.

Сторија за фудбалскиот пат на Матеја Кежман

Од Земун преку Прилеп и Пирот патот го носи во Ајндховен, Лондон, Париз, Истанбул, Мадрид, Санкт Петерсбург и Хонг-Конг. Матеја Кежман е најомилениот играч во кариерата на Гус Хидинк и фудбалер кој Тери го спречил да се степа со Жозе Мурињо