Offside

Светското првенство 2026 никако да стивне. Се уште стигнуваат вести дури и една недела после големото финале во кое Шпанија ја совлада Аргентина со 1-0 и после европската титула ја освои и светската. Сега стигнува информација дека САД би можеле на име на даноци да и земат на Шпанија дури 19 милиони долари од рекордната сума која ФИФА ја дава за светски првак.

Марин Докузовски препознаен како поединец што ја користи моќта на своето грло во позитивни цели

Септолете тотал му врачи признание на тренерот на КК Работнички за неговиот придонес во развојот на кошарката, за користење на моќта на грлото за унапредување на разбирањето за потребите на кошарката и поттикнување на младите генерации да го засакаат овој комплексен спорт.

Кој е бразилскиот клуб кој имаше авионска несреќа?

Шапекоензе е клуб којшто неверојатно напредувал во последните седум години и од бразилската четврта лига стигнал до финалето на едно од најголемите натпреварувања во светот на фудбалот, Копа Судамерикана. За жал, бајката на оваа симпатична екипа заврши трагично.

Последното славје на загинатите Бразилци

Шапекоензе на 23 ноември испиша фудбалска историја откако во двомеч го мина Сан Лоренцо и за прв пат се пласираше во финалето на Копа Судамерикана (пандан на Лига Европа). Дома одигра 0:0, а на гости 1:1. Немаат титула во бразилската прва лига каде се пласираа во 2014-та, по пауза од 35 години.

Се сруши авион со бразилски фудбалери во Колумбија

Авион со 81 патник и членови на посадата којшто патувал од Боливија кон Колумбија се срушил близу Меделин. Во авионот бил бразилскиот прволигаш Шапекоензе кој патувал на финале од Копа Судамерикана. Пет преживеани.

Кој би рекол дека ќе читаме вакви вести за Манчестер со Мурињо

По потрага по барем близу достојна замена за незаменливиот Фергусон, кој се препотува од мака кога ги гледа од вип ложата, Црвените ѓаволи по Мојс и Ван Гал, беше сосема логично спасот да го бараат во Жозе Мурињо. Но не оди и не оди.

Македонија 39-та по играчи во европските лиги

Во големата петорка на европскиот фудбал (Англија, Шпанија, Франција, Германија и Италија) Македонија има тројца претставници и сите играат во Серија А. Имаме 29 фудбалери ширум Европа. Бразил е прв по извоз.

6.084 дена по голот на Чоло, сега и син му го начна Јувентус

Џовани Симеоне (21) во неделата беше играч на натпреварот Џенова - Јувентус кој заврши 3:1. Таткото на Џовани, Диего Симеоне на 1.април 2000-та година со гол со глава му донесе победа на Лацио против Јуве на „Деле Алпи“, а подоцна Лацијалите ја освоија титулата.

Од А до Ш со Лино Червар

Иако е селектор на Македонија и тренер на Металург, Лино Червар ниту една буква не го асоцира со нашиве ракометни простори каде е укотвен 7 години. Нејсе. Има што да се прочита во интервјуво. Доктор е за ракомет, учител за младите и човек кој работите ги анализира длабоко и суштински.

Запомнете го Олександр Зинченко

Роден на 15. декември 1996 година, младиот Украинец Олександр Зинченко беше член на Шахтјор Донецк, а потоа замина во рускиот тим Уфа. Во јули годинава Сити го купи и во август го позајми во ПСВ Ајндховен каде Украинецот потсеќа на Меси.

Бил бегалец, му ги убиле родителите, а сега е меѓу најдобрите играчи во Премиер

Во страшниот воен виор, оној религискиот, во Нигерија секојдневно гинеле многу христијани и муслимани меѓу кои и родителите на Виктор Мозес. Тие биле убиени кога нивниот син имал само 11 години.

Аргентинска еуфорија во Загреб на тенис

Во 116-годишната историја на тенискиот Дејвис Куп, Аргентина одигра пет финалиња и синоќа за првпат ја крена познатата „салатара“ како најдобра тениска репрезентација на светот. Херој на Аргентинците кои по првите два дена губеа 2:1 беше Хуан Мартин дел Потро кој со скршен прст го победи Марин Чилиќ после пресврт. Аргентинците ја исполнија Арената во Загреб и навиваа како на фудбалски натпревар.

Местото каде Барса не може да победи цели 10 години

Голот на Меси синоќа во второто полувреме ја спаси Барселона од нов пораз во Сан Себастијан, место каде Каталонците не знаат за триумф повеќе од една деценија.

Зошто Ница не победи

Аласан Плеа е стрелец број 1 во Ница со 8 голови, два повеќе од Балотели. Тој погоди и синоќа против Бастија, но проблемот е што гостите во второ полувреме израмнија, а 23 годишниот француски напаѓач не смееше да си дозволи вакво нешто на три минути до крај. Монако и ПСЖ сега им дојдоа на -1.

Талески за нова европска радост на Металург

Македонскиот вицепрвак ја забележа и втората победа во серија во рамките на Лигата на шампионите и му врати на Татран Прешов за поразот во второто коло.

Осврт на осмото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Во рамките на осмото коло од Бизнис Лигата на Македонија можевме да проследиме седум натпревари. Ова коло во брз и отворен фудбал можевме да проследиме натпревари кои беа напаѓачки ориентирани.

Глупача со три деца

Во Англија одењето на стадион е како семејна традиција со години, ама мајкава со овој памет ептен ќе заврши работа во воспитyвањето на децава кои го бодрат третолигашот Милвол. Плус веројатно таткото е џандар.

Најлошото голманско додавање во историјата на Премиер лигата

За чуварот на голот на Ливерпул на Википедија пишува: Лорис Кариус е професионален голман од Германија кој брани за Ливерпул. Човек да не го знаеше немаше да поверува дека голман од лидерот во Премиер лигата кој денеска го совлада Сандерленд со 2:0, може да направи ваков аматерски потег.

Германскиот првак се одмазди во Јане Сандански

По триумфот на тешкиот гостински терен во Манхајм од шест гола разлика, ракометарите на Вардар немаа сили за уште една победа и потклекнаа пред своја публика на реванш дуелот со Рајн Некар.

Приказната за најтешкиот натпревар на Меџик Џонсон

Поминаа 25 години од тој ноември 1991-ва или поточно 7 ноември, денот кога се случи најпознатата прес конференција во спортската историја. Во таа прилика славниот Меџик го шокираше светот, а луѓето потоа се плашеа да се поздрават со него.

Како газдата од Сингапур од Валенсија направи аутсајдер

Првиот ред од доминото во Валенсија падна кога милијардерот од Сингапур, Питер Лим ја прекрши првата заповед на богатите газди на спортски клубови: ’Немој да влегуваш во микроменаџмент и да купуваш клуб ако не си способен за тоа’.