Според едно истражување спроведено од страна на британски магазин за спортска медицина, повеќе од половина од фудбалерите кои ги испитале покажале знаци на стоматолошка ерозија, а кај 4 од 10 е пронајдено дека имаат кариес.
Студијата е спроведена од страна на стоматолози од Меѓународен центар за докази базиран на податоци за оралното здравје на универзитетот во Лондон кој ги испитал забите на играчи од 8 британски клубови: Манчестер Јунајтед, Хал, Саутемтпон, Свонси, Вест Хем, Брајтон, Кардиф и Шефилд Јунајтед.
Објавените резултати покажуваат дека 53% од фудбалерите покажале знаци на стоматолошка ерозија, на 45% им се смачило од општата состојба во која им се наоѓаат забите, а 7% признале дека проблемите им влијаат врз тренинзите и натпреварите.
Од медицинскиот тим на Вест Хем тврдат дека фудбалерите имаат полоша состојба на забите отколку општата популација, а како можна причина го наведуваат трошењето големо количество засладени пијалоци и храна како и постојаното вежбање со отворена уста која предизвикува заштитна плунка која се суши.
„Се работи за луѓе кои толку многу инвестираат во себе, што ова е изненадувачко откритие“, вели еден од истражувачите за БиБиСи.
Кај некои од оние кои страдаат од овој проблем ситуацијата е толку лоша што заради забите тие не можат ниту да тренираат, ниту да играат.