„Целиот свој живот се обидував да поставам високи цели во сè што работам. Кога бев мал, сакав да станам фудбалер. Најдобар фудбалер: да играм на најголемите стадиони, да освојувам трофеи. И кога сето тоа го остварив, секоја година си поставував себеси нова цел. Мислам дека со таков пристап е тешко да се носиш. Размислував: што да направам животот да ми биде уште подобар? Не само за себе, туку и за децата и жената“, раскажува Рио за својот животен пат.
Рио Фердинанд секое сабајле оди на трчање. Поранешниот капитен на Англија за БиБиСи зборуваше за кариерата и животот, за најголемата радост во фудбалската кариера, за шесте титули шампион во Премиер, за репрезентацијата и за работата експерт на британскиот спортски канал Скај Спортс. Филмот не зборува готово ништо за фудбалската топка и црвениот дрес на Манчестер. Филмот е само голема човечка драма и обидот да се преживее бурата.
„Имав одличен живот. Прекрасна жена, сјајни деца и оддеднаш. Бам! Моментот кога на Ребека ѝ открија рак смени сè“.
Рио се запознал со Ребека Елисон на крајот на ’90-те години кога играл за Вест Хем.
Се венчале во 2006-та година, добиле два сина Лоренц и Тејт и ќерка Тиа. Во 2015-та година весниците објавиле ужасна вест: 34-годишната Ребека „сродната душа на Рио и прекрасна мајка на три деца починала во лондонската клиника по долгата борба со рак на дојката.
Информации за тоа немало многу во медиумите, а ракот бил дијагностициран во 2013-та. Ребека во еден момент го излечила ракот, но во март 2015-та болеста се вратила и сопругата на Рио после само две недели починала.
Четири месеци по смртта на Ребека, Рио Фердинанд го заврши договорот со КПР и објави крај на кариерата. Филмот на БиБиСи е за неговиот живот после фудбалот во кој Рио раскажува колку му е тешко да живее сам и како смртта на мајката ја преживеале малите деца (најстариот Лоренц сега има 11 години, а ќерката Тиа има 6).
„Единствена работа во животот на која немам одговор е како да продолжам да живеам. Страшно тешко е. Понекогаш тие само молчат а јас немам појма што мислат и низ што проаѓаат. Стварно сакам да знам, но се плашам дека ќе ги вознемирам со прашањата. Потребна ми е помош. Навистина ми треба помош“, емотивно зборува Рио во документарката.
Целиот филм под наслов „Рио Фердинанд: Да се биде мајка и татко“ е сниман неколку месеци. Главниот проблем за целото семејство е брзината со која се случило се. „Кога смртта ќе настане за помалку од три месеци - психолошки тоа се смета за изненадна смрт“, вели доктор Стивен Џонсон којшто ја лекувал Ребека и објаснува дека таквиот брз развој на болеста често предизвикува психолошки блокади: „Просто немате време да се спремите за тоа што доаѓа“, вели доктор Џонсон.
Кај него Рио отишол на првиот длабок разговор за смртта на Ребека. Кога докторот зборува за типот на болеста (агресивен тип рак на гради којшто и после успешното лечење се враќа, брзо се шири и сериозно го повредува црниот дроб), Фердинанд признава:
„Се чуствувам предаден. Лекари, дијагнози, самата болест. Кога се случи првиот пат се носевме со тоа и почнав да мислам дека тоа е најлошто сценарио кое може да се случи. Оној тип на „глупава среќа“ на која се надеваш, знаете?“
Човекот кој со Манчестер Јунајтед ја освои и Лигата на шампионите, вели дека сеансите кои ги има со доктор Џонсон му помагаат да не мисли на тоа што се случило.
„Чувствувате ли гнев?“, во еден кадар прашува докторот. „Да, се случува. Посебно во ситуации кога седам во ресторан со децата и кога петгодишната ќерка ќе гледа други семејство околу и ќе праша: ’Зошто они имаат мајка, а ние не’? И ти ја гледаш, се обидуваш да пронајдеш зборови..“, Рио во овој момент го обземаат емоции, се расплакува но дијалогот продолжува.
„Досега просто ги ставав сите емоции во кутија во некое ќоше во внатрешниот шкаф. Ако ги отворав ќе беше страшно болно. Толку болно што почнав да имам страшни мисли. Порано кога ќе видев во весник за човек што извршил самоубиство, прва помисла беше: колку себичен егоист, како можел да стори такво нешто?! Но имаше моменти, на самиот почеток кога помислував... Можеш да сфатиш како се чувствувам? Но почнав да ги сфаќам тие луѓе кои се решиле за такво нешто. Сега знам дека може да бидеш во такво безумие што единствен спас е просто да завршиш се. Но имав среќа што во најтешките моменти со мене беа блиски луѓе. Тоа ме спаси. Ги погледнав децата и сфатив дека не можам поради нив да постапам така“, со голема болка зборува Рио на сеансата со докторот.
Првата психо-терапија не го оставила само Рио во солзи, туку и сите гледачи. Фердинанд самиот признава дека ако го пратиле кај терапевт шест месеци претходно, тој не би прифатил.
Преку лето Фердинанд живее во Португалија; Него го декорирала Ребека со цел по завршувањето на кариерата на Рио и на летниот распуст на децата, семејството да може да поминува повеќе време заедно.
Сега во вилата во Португалија доаѓаат другари и членови на семејството, а често и родителите на Ребека:
„Паметам како Рио ја гледаше кога таа одеше кон олтарот. Ние се смеевме затоа што никогаш и никој не го видел него да плаче, а тогаш тој ридаше како дете од среќа. Солзите му течеа, не можеше збор да каже. Беше многу емотивен момент“, раскажува Лесли, мајката на Ребека.
Првите 10 дена му биле најтешки. Морал да се избори не само со тагата, туку и со околностите. На пример со исхраната. Рио никогаш во живот не рамзмислувал за тоа како да спреми вечера за своите деца. Не видел машина за перење и сушење: „Знам како функционира, но немам појма како се пушта. Завршував со тренинг, доаѓав дома, седнував на трпезата и легнував - тоа беше сè на што размислував претходно.
Мажите во Велика Британија се обраќаат за психолошка помош два пати повеќе од жените. За многу терапевти тоа е тежок испит: да зборуваш за своите проблеми секогаш е потешко отколку да сториш нешто. Фердинанд нашол алтернатива во оние кои доживеале слична загуба: „Морам да признаам дека не сум единствен на светот кој се соочува со ваков кошмар“.