Offside

Лука Дончиќ одигра уште една доминантна партија со која го предводеше Лос Анџелес Лејкерс до победа против Милвоки Бакс од 123-112.

Од чамец за мигранти до Серија А против Милан

Патот на мигрантите често го викаат пат на надежта, пат во потрага по сон кој за жал често се претора во кошмар. По тој пат тргнал и 17-годишниот Сенегалец Мамаду Кулибали.

Колку пари заработи Реал Мадрид благодарение на головите на Рамос

Од финалето во Супер купот против Севиља во август минатата година па се до овој месец, Серхио Рамос го извади Реал Мадрид осум пати, но тоа го прави веќе неколку сезони, а да не беа неговите голови Кралевите ќе имаа и помалку трофеи и помалку пари во каса.

Коло Туре се изнаигра на песната за него

Најзаразната мелодија меѓу навивачите во последниве две сезони ги мантра имињата на браќата Коло и Јаја Туре. Песна која што ја потпевнува секој навивач што ќе ја слушне. Чекај да видите како Коло ѝ се израдува додека славеше титула со Селтик во Шкотска.

Ракометен автогол на сезоната

На голманот на Вецлар каде игра Филип Миркуловски до толку му годеа аплаузите од публиката што заборави дека е време за изведување на нов напад. Автогол во ракомет е вистинска реткост. За сега овој автогол не влијаеше за резултатот, па Жути и другарите се радуваат на победа.

Како шутира слободен удар репрезентативец на Курасао

Се работи за Брендли Кувас кој е член на островот кој се наоѓа над Венецуела и кој сè уште е над нас на ранг листата на ФИФА. Член е на Хераклес кој славеше 4:1 над Херенвен и го постигна голот на колото во Холандија, па и во Европа. .

Најзбунетиот линиски судија

Кога фудбалерот кој се наоѓа во офсајд позиција ќе добие топка од противнички играч без разлика дали е тоа по грешка или намерно, тоа не е офсајд. Тоа го знаеме сите кои пратиме фудбал, а да не збориме за луѓето кои се платени за да пазат на тие правила. Што ли се случи со концентрацијата на судијава на мечот Спарта Ротердам - ПСВ?

Баскет за Рафе, USB за Зоран, пиво за Мартин

По тешка и неизвесна битка која траеше точно 31 ден, ги дознавме тројцата најдобри Типстери за месец март кои ќе добијат подароци.

Реакцијата на Шек кога дозна дека Леброн го надминал

На дуелот на неговиот Кливленд против Чикаго, Леброн Џејмс постигна 26 поени и стигна до бројката од вкупно 28.599, три повеќе од Шекил на вечната листа и сега е седми.

Двајт Јорк - Фудбалерот поради кој на Фергусон му обелела косата

Дете од мало место во карипската земја Тринидад и Тобаго стана најомилениот напаѓач на секој навивач на Манчестер Јунајтед и најзаслужен за тројната круна на овој клуб во 1999. Сепак пороците кои ги носат славата и парите не го одбегнаа и него па се скара со Фергусон.

Петре еби ветре

Борна Петровиќ има само 19 години, игра во хрватскиот второлигаш Лучко, напаѓач е, ама има време може и ќе му ја сменат позицијата на игра.

Фудбалери со елеганција во движење

Ги гледаш и едноставно им се воодушевуваш со колку едноставност и леснотија го играат или го играле фудбалот. Се работи за 15 имиња кои станаа светски ѕвезди и кои ги поврзува зборот елеганција.

45 секунди со Чикаго Булс од 90-те

Мајкл Џордан, Скоти Пипен, Тони Кукоч, Денис Родман, Рон Харпер, Лук Лонгли, Вил Венигтон, Стив Кер, Џад Бушлер е вака што ни дојде на прва. Кој не зевал во 90-те ради овие момци исто како да не гледал НБА во животот. Доволно е да ја видите само оваа куса компилација за да сфатите зошто оваа банда предводена од Фил Џексон ги нареди шампионските прстени: 1991, 1992, 1993, 1996, 1997, 1998.

Раул Гонзалес е нов селектор на македонската ракометна репрезентација

Управниот одбор на РФМ денеска одлучи за наследник на Лино Червар да го назначи тренерот на РК Вардар кој ќе потпише договор на селекторската функција до 2020 година.

Доктор Мончи - најдобриот спортски директор на светот

Пред 16 години кога дошол во Севиља, екипата се вратила од втора во прва лига а до денес под негово раководство тимот освои дури 9 трофеи од кои 5 во Лига Европа. Како му донел на клубот чисти 200 милиони евра само од трансфери?

Како изгледаше денот на Донарума кога наполни 18 години

На 25 февруари Џанлуиџи Донарума стана полнолетен, а италијанските медиуми се пошегуваа и направија едно сценарио од 24 часа за тоа како му изгледал денот. Неговата роденденска желба не се однесува на некој трофеј, туку на едно дрво од одбраната на Милан кое Џиџи не сака да го види во прв тим.

Најкомичниот автогол на сите времиња

Сè што нема да очекувате дека може да направи еден голман кога треба да дегажира, на овој несреќник од втората алжирска лига ќе му успее. Го гледате автоголот кој не се повторува, барем не овој вториот дел од завршницата.

Патики за нови предизвици - PRINT SMOOTH

Со Print Smooth нашата цел беше да се пронајде рамнотежа меѓу удобност што нема да ги намали перформансите и прилагодливост на моделот на различни видови на трчање.

Осврт на шеснаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Арбен Нухиу од екипата на Уника е водечки стрелец со 6 гола во 16. коло од Бизнис лигата на Македонија, а за екипа на колото е прогласена НЛБ Банка.

70% од земјата е покриена со вода, а остатокот од Канте

Еден ден ќе го видам како нафрла, а потоа веднаш ќе истрча да даде гол на сопствена асистенција, велат критичарите за човекот кој лани минал растојание колку 1.000 пати да се искачил на Ајфеловата кула.

Британец тргнал да зема интервју од балкански навивачи

Пред мечот Црна Гора - Полска (1:2) од квалификациите за СП 2018, еден британски новинар сакал да слушне збор-два од црногорските навивачи. А слушаше нешто друго.

Што ти е љубов за клубот од твоето маало

Атеса и Одоризијана сигурно не ви значат ништо, бидејќи се локални клубови кои играат во регионална лига во Италија. Теренот е без трева, а од едната страна комшиите може да ги гледаат од тераса. Сето ова е небитно во приказнава. Битна е страста на нивната тифо банда која ова го прави со срце.

Не можеш да им угодиш и на Тројанците и на Грците

Емануел Сантош, човекот кој ја вајал бронзената биста на Кристијано Роналдо во неговиот роден град вели дека фудбалерот барал неколку корекции на статуата.