8.15: Му свири алармот на мобилниот и ја колне претходната ноќ бидејќи шетал во град до доцна. Главата му е матна и се потсетува на добриот Куцка: Ако се сеќаваш што ти рекоа, не смееш да се забавуваш навечер. Џиџо чувствува силен удар во главата како му тропа нешто, сличен како циганка затворена во контејнер пред Лидл.
8.30: По 15 минути во шок конечно сфаќа дека денеска е полнолетен. Го зема телефонот полн со честитки, срциња и бакнежи.
9.00: Нема повеќе губење време. Почнува да се спрема за Миланело каде течат подготовките за мечот против Сасуоло. Го мрзи да оди со Пунтото кое Пашалиќ обично го користи кога бега после кражби и затоа му се јавува на најсигурниот шофер, а тоа е голманот Сторари.
10.00: Додека се чувствува убаво во овој негов ден, Италија мрзливо се буди по после петочната пијана ноќ и го коментира отказот на Раниери од Лестер.
11.30: Му се јавува Берлускони за да му честита и помислувајќи дека нема шанси никој да го прислушкува му вели: Е драг мој Џиџо, ако беше полнолетен малку порано, ќе одевме заедно на забави.
13.30: Доаѓа време за ручек. Џиџо ја познава добро важноста за тоа тимот да се држи заедно. Затоа одбира да седне онаму каде што е потивко веднаш до Бертолачи, Соса и Хонда кои си ги споделуваат искуствата од нивното дремење на клупа.
14.30: Потоа размислува на бонусите од 500 евра кои ги дава Ренци за полнолетни. Се сеќава и на еден муабет со Касано: Треба да читаш книги, иако се малце чудна работа тоа книгите, вршат работа како подметачи за вино.
15.00: Време е за часови по возење. Локатели е загрижен за испитот кој треба да го полага, а во Милано сообраќајот е кошмар. Џиџо е смирен бидејќи Ѕапата му ветил дека ако падне ќе му извади лажна возачка дозвола во Меделин за еден ден.
17.00: Делофеу и Окампос ќе одат со девојки да пијат коктели на брод. Џиџо би им се приклучил, ама Монтела бара негово присуство на Миланело.
17.30: Џиџо останува на тренинг и добива наредба и да пушти секој удар на Бака да влезе за гол, за малку да го подмлади Колумбиецот.
19.00: Мино Рајола лежи удобно на својот кожен тросед и размислува за три работи: Евентуален трансфер на Донарума би чинел 100 милиони евра, за новиот стадион на Рома и на жена му на Џемаили.
21.00: Застанува цела екипа пред мега тортата на Џиџо и почнуваат желбите:
„Да ми порасне косата“ – Палета.
„Гратис трансферите да бидат признаени од УНЕСКО како културно наследство“ – Галијани.
„Да не се најдам повторно во одбрана со тој Густаво Гомез на кој нозете му се монтирани обратно“ – Донарума.
23.00: Заврши денот, ама блескавата кариера на Донарума допрва почнува. Ќе успее ли да ги задржи сите очекувања кои светот ги има за него? Ќе го однесе ли Милан таму каде што заслужува? Времето ќе покаже.
Следниот ден.
3.00: Телефонот на Донарума ѕвони за последен пат во ноќта. Монтоливо: Среќен роденден Џиџо, се надевам дека прв ти честитав.