Од вкупно 21 гол кои ги дал Рамос за Реал Мадрид, почнувајќи од финалето во ЛШ 2014-та против Атлетико Мадрид, дури 18 ги постигнал кога Кралевите губеле или било нерешено.
Само оваа сезона Рамос беше стрелец девет пати, а 8 од тие голови му помогнале на Реал да не загуби. Ако Флорентино Перез седне и ја сумира помошта која стоперот му ја пружил на клубот само во офанзивните задачи кои не му се обврска, тогаш дефинитивно ќе заклучи дека неговата годишна плата од 10 милиони евра е повеќе од заслужена.
До 24-то коло во Ла Лига, Реал имаше примено 25 гола. Од тие 2.160 минути, Рамос на терен беше 1.422 во кои Реал прими 21 гол или поточно на секои 68 минути.
Она што е фасцинантно за него е тоа што по 24 кола тој имаше подобар процент на голови од еден Бензема кој игра во напад. Деталниот приказ на заработени пари за Реал благодарение на головите на Рамос изгледа вака:
Лига на шампиони 2013/2014. финале: Реал – Атлетико 1:1 (Рамос погоди во 93-та) потоа триумф во продолженија.
- Реал Мадрид заработи 35 милиони евра од цела сезона во ЛШ, а победата во финалето му донесе 10 милиони.
Светско клупско првенство 2014, финале: Реал – Сан Лоренцо 1:0 (стрелец Рамос)
- Победата им донесе меѓу 4,5 и 5 милиони евра.
Лига на шампиони 2015/2016, финале: Реал – Атлетико 1:1 (стрелец Рамос) потоа триумф на пенали.
Супер Куп на УЕФА 2016, финале: Реал – Севиља 2:2 (Рамос погоди во 93-та) потоа триумф во продолженија.
Реал Мадрид доби 4 милиони евра.
Лига на шампиони 2016/2017 во тек:
12,7 милиони евра за учество во фаза по групи
4,5 за победа
1,5 за нерешено
Осминафинале (Даде гол против Наполи) – 6 милиони евра.
Ако Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите, тоа на клубот ќе му донесе дополнителни 30 милиони евра плус пари од тв права.
Ла Лига 2016/2017 во тек:
Од осумте негови голови кои беа клучни за Реал да освои бодови, еден му е против Барселона во 91-ва минута за 1:1 на Камп Ноу, гол кој го држи Реал на +2 од Барса со натпревар помалку против Селта. Ако Реал го освои првенството ќе добие 10,5 милиони евра плус 65 милиони од тв права.
Пресметките велат дека Рамос во касата на Реал Мадрид донесе заработка од 122,7 милиони евра со кои практично клубот може да му исплати 12 годишни плати.