Н`Голо Канте вчера наполни 26 години или што би се рекло сега се наоѓа во најзрелите и најубави години за фудбалот. Човекот е само втора сезона во Премиер лигата, но остварува резултати како е да е 15.
Минатата година беше еден од главните архитекти во освојувањето на титулата на Лестер и со својата сила делува неуморен на терен. По неуспешниот обид на Арсен Венгер да го одведе во Арсенал, тоа го стори Челси за сума од 30 милиони фунти и доби вистинскиот бисер во средниот ред.
Доволно е само да се напомене дека против Ливерпул имаше 14 успешни стартови со што го урна рекордот на Забалета од Манчестер Сити кој има направено 10. Канте во Премиер лигата игра од ланска сезона, но веќе има неверојатни 253 успешни интервенции.
„70% од земјата е покриена со вода, а остатокот од Канте“, изјави лани за него Гери Линекер.
Она што воодушевува кај Канте е растојанието кое го трча. Според официјалните податоци на Премиер лигата која се служи од Опта, Канте трча во просек по 10 километри на натпревар и стигнува до брзина од 25 км на час.
Оваа сезона е една од главните алки во играта на Антонио Конте под чие водство Челси доминира во Премиер лигата, а Дидие Дешамп го пушти да дебитира за репрезентација на 25 март 2016-та.
Се додека вака продолжи да трча, Канте веројатно ќе биде незапирлив. Само минатата година истрчал 450 км, а со нив може да се минат:
- Лондон – Лестер.
- 1.000 пати да ја искачи Ајфеловата кула.
- 13 пати да го преплива Ла Манш.
- Да истрча повеќе од 10 маратони.
- Да оди на релација Венеција – Торино.
Нешто и според нашите математики:
- Скопје – Охрид – Скопје - Маврово.