Offside

Легендарниот јапонски фудбалер Казујоши Миура продолжува да ги поместува границите на невозможното во светскиот фудбал. Кога дебитирал, Лео Меси уште не бил роден.

Голман ти не треба да браниш

Хуан Карлос од шпанскиот второлигаш Луго изгледа треба почесто да глуми Мануел Ноер, барем кога има шанса како во вакви прилики. Дечкото така нон шарлантно ја опали од своја половина, што дел од играчите кои тргнаа да му честитаат се држеа за глава.

Огледалце, огледалце, кој е најубав на светот?

Пред средбата против Депортиво Ла Коруња, пар дечиња кои излегуваат со играчите на терен, со Кристијано Роналдо зборуваа кој е најдобар на светот. Заклучок им беше дека Меси е најслаб.

Изведувај ти колку сакаш, црвен картон не ти бега

ПАОК како ретко кога на крајот од јануари и натаму е во трката за шампионскиот трофеј. Синоќа славеше 3-0 над Аполон Смирнис, а момент на мечот беше кога судијата го исклучи гостинскиот играч Фонси Надалес што извел слободен удар пред неговата свирка.

Француско дерби со 3 гола, сите празник за очи

Фудбалерите на ПСЖ по 22 минати кола го загубија вториот меч во првенството и тоа од Лион кој сега е на -8 на втората позиција. Головите кој од кој поубав. Одиме со ред.

Девојката со знаменцето

Во ситуација на тотална немоќ против Шпанците кои удираа од сите страни, една девојка ја отслика состојбата на теренот и трибините.

Ако ја победиме Чешка, ќе се јадеме со Данска за полуфинале

И покрај тешкиот пораз од Шпанија, Македонија ги задржа шансите за тоа можеби преоптимистичко полуфинале за кое сите зборуваат, небаре борбата за петто место не е одличен успех.

Митревски vs Душебаев

Никола Митревски беше нашиот најдобар поединец на вечерашниот дебакл против Шпанија. Тој влезе во второ полувреме и успеа да стигне до фантастични 14 интервенции кои не беа доволни за барем да се намали победата на Црвената Фурија. Алекс Душебаев најмногу ја почувствува на своја кожа неговата одлична форма.

Потоп на Македонија

По три перфектни кола без пораз, македонската ракометна репрезентација ја започна втората групна фаза на најлош можен начин. Пораз од 11 голови разлика, оддалечување од сонот наречен полуфинале за кое сè уште имаме шанси и повреда на Кире Лазаров.

Сергеј Милинковиќ Савиќ е играчиште

Италијанскиот весник Кориере дело Спорт пред еден месец излезе со шокантна насловна страница, дека ПСЖ за српскиот репрезентативец нуди лудачки 170 милиони евра. СМС има само 22 години и е веќе еден од главните играчи во тимот на Лацио. Освен што владее со топката и дели топки со очи, дава голови за најавните шпици.

Роналдо извади мобилен на терен

Реал Мадрид и го истури бесот на Депортиво Ла Коруња со 7:1. Двоен стрелец на средбата беше Кристијано Роналдо кој при еден дуел заработи исекотина на лицето која сакаше да си ја види како да е на фризер.

Што се запнал Конте за Керол и Крауч?

За екипите на Конте напаѓачите се поважни од било кој друг. Ако во другите клубови учинокот на центарфорот се оценува по головите, во тимот на Конте напаѓачот во принцип одговара на прашањето „Игра ли екипата добро“?

Командантот и неговата армија

Без челична дисциплина за играчите, Шпанецот ја предизвика најголемата можна одговорност на момците каде и да се појави. Како што зборуваат во Вардар, ако Раул “завладее“ со соблекувалната на париските милионери, ниту Голден Стејт нема да може да ги спречи.

Пеколни горештини на Australian Open, тенисерите едвај стојат

Во четвртокот и петокот температурата во Мелбурн отишла и на +40 степени. Многу учесници на Australian Open се незадоволни што треба да играат по такви пеколни горештини.

Како изгледаше дебито на малиот Паоло Малдини

На денешен ден во 1985 година, еден од најдобрите италијански фудбалери на сите времиња Паоло Малдини дебитирал за Милан. На мечот против Удинезе, 16-годишниот бек влегол како замена после првото полувреме и многу им помагал на големите Гали и Барези во одбраната. За 45 минути поминати на теренот со Паоло во тимот, Милан не примил гол.

Со цела артилерија и со вадење ножеви од шорц против Шпанците

Како што кажав пред ЕП дека клучен меч е со Словенија и сега тврдам, ако сакаме да играме полуфинале првата утакмица со Шпанија пак е клучна.

Што се случува кога навивач на Челси ќе влезе на терен

Челси едвај, на пенали го совлада Норич на реваншот од англискиот ФА Куп откако првиот меч заврши 0-0, а вториот 1-1. Во 121’ минута од судиското продолжение Мората доби црвен картон поради глума, па еден бесен навивач влезе на терен да се пресмета со судијата. Тогаш Швајцарецот од Норвич Тим Клосе му најде нешто по пат и му го врати.

Меѓу Чешка и Данска ќе нема време да се здивне

Првата позиција на табела на Македонија и донесе привилегија следниот меч да го игра дури во недела вечер и со тоа да одмори три дена во Вараждин, но потоа следува пеколно тежок распоред од кој нема бегање.

Себичниот однос на Нејмар

Фудбалерите на ПСЖ синоќа го попарија Дижон со 8:0, а Нејмар и покрај тоа што даде 4 гола заработи свирежи од своите навивачи. Во 83-та минута на 7:0 судијата свирна пенал, а Нејмар одма се излакоми да го шутира. Сè ќе беше ок, ако му го отстапеше местото на Кавани на кој му фали само еден гол да го мине Ибрахимовиќ и да стане најдобар стрелец во историјата на клубот.

Кире: Столе има срце како планина, него сè му е дозволено

Македонската ракометна репрезентација е во друштво на четирите великани Франција, Шпанија и Шведска кои завршија лидери во своите групи, па не треба да не чуди што за успехот на нашите јунаци се интересираат и новинари од регионот.

Германциве се прави Македонци

Баталете го сега тоа вашето Дојчланд Дојлчанд, читајте тука што пишува и пејте по мене. Бидете среќни што не изгубивте, инаку и македонската химна ќе ја пеевте.

Една е мајка, Борко најдобро знае

Откако со 12 одбрани беше најзаслужен што Македонија ремизираше со европскиот шампион Германија, Борко Ристовски го прими големото признание и веднаш отиде да ја прегрне мајка му која го бодреше од првите редови.