Себичниот однос на Нејмар

Фудбалерите на ПСЖ синоќа го попарија Дижон со 8:0, а Нејмар и покрај тоа што даде 4 гола заработи свирежи од своите навивачи. Во 83-та минута на 7:0 судијата свирна пенал, а Нејмар одма се излакоми да го шутира. Сè ќе беше ок, ако му го отстапеше местото на Кавани на кој му фали само еден гол да го мине Ибрахимовиќ и да стане најдобар стрелец во историјата на клубот.

Кавани беше џентлмен и не се расправаше, а потоа и му честиташе за голот од пенал, а Нејмар заслужено беше исвиркан од публиката. 

Инаку секоја чест за четирите гола на Нејмар, особено слаломот и слободниот удар, ама односот му е скроз неколегијален.

 

 

18 јануари 2018 - 14:38