Што се запнал Конте за Керол и Крауч?

За екипите на Конте напаѓачите се поважни од било кој друг. Ако во другите клубови учинокот на центарфорот се оценува по головите, во тимот на Конте напаѓачот во принцип одговара на прашањето „Игра ли екипата добро“?

Англискиот The Telegraph веќе неколку недели пишува за реален интерес на Челси за Енди Керол и Питер Крауч. The Independent објави за обновен интерес на „Сините“ за Фернандо Љоренте и за уште еден неочекуван кандидат Кристијан Бентеке. Последните информации говорат за сериозни преговори на Челси со агентот на Един Џеко.

За оваа трансфер-сага на Твитер пиша дури и легендарниот Адебајо Акинфенва.

Зделките со Џеко и Љоренте беа понеизвесни зошто и двајцата веќе играа во Лига на шампиони и нема да имаат право да настапат во ова натпреварување за друг клуб сезонава. Варијантите со Крауч и Керол се пореални (судејќи по информациите на англиските медиуми). Но луѓето што ја знаат тактиката на Антонио Конте, помалку се чудат на овие кандидати.

Кога Тибо Куртоа го прашале да ги нареди тренерите со кои работел а кои се најголеми тактички манијаци, Белгиецот го ставил Конте на прво место (пред Симеоне, Мурињо и Марк Вилмотс). Еден Азар исто зборувал за посветеноста на Мурињо:

„На тактички план и тренинзи, со Конте работиме најмногу од сите. Работиме на тактички позиции и сега точно знаеме кој што прави на терен, каде се движи на противничкото поле, како се однесуваат соиграчите и слично. Со Мурињо беше поинаку - тој ни го објасни системот и понатаму не работевме така детално. Секако, разбравме што треба да правиме, ние сме професионални фудбалери, но како сега не беше ниту близу“.

Матија Де Шиљо раскажал колку постигнал со Конте кој му беше селектор во репрезентацијата на Италија:

„Конте има огромна способност да ја натера екипата брзо да ги научи движењата и тактиката. Поради тоа, ако во било која епизода ти е тешко да донесеш одлука со топката, ти просто правиш како тој те учел зошто знаеш дека соиграчот ќе биде на право место“.

За лудата посветеност на некогашниот тренер на Бари, Аталанта, Јувентус и Италија зборуваше и Карлос Тевез.

„Со Конте ние игравме со двајца напаѓачи на фиксна позиција. Со Алегри фокусот не е толку на фиксираните позиции отколку на играта без топка. Кога екипата напаѓа ние имаме слобода. Ако сакаш екипата да ти игра со стил, сите играчи се должни да ги пренесат идеите на тренерот. Во спротивно се ќе стане сложено. Ако тренерот бара од играч да држи позиција, а тој трча по теренот, практично невозможно е да играш во својот стил и тренерот почнува да беснее“, објаснил Карлос Тевез кој играше во Јувентус на Антонио.

Позиционирањето е основата на фудбалот на Конте, а улогата напаѓач тука е најважна. Антонио за центарфорите редовно го користи изразот „a point of reference“.

„Коста ја знае мојата филозофија. Напаѓачот е должен да биде почетна точка на екипата. Не сакам напаѓачи кои слободно и лежерно се движат по теренот. За мене напаѓачот е многу важен. Ако се држи до својата позиција се ќе биде многу просто. Екипата ќе игра подобар фудбал“.

На претходните изјави се надоврзал и актуелниот прв шпиц на тимот, Алваро Мората: „Да играш главен центарфор во Челси е голема одговорност зошто со него се ориентира екипата. Тактичката шема во Челси е потешка и повеќе промислена отколку во Јувентус каде таа се базираше на основата на Конте“.

Во интервјуто за El País Мората ја објаснил разликата меѓу играњето за Шпанија и Челси: „Јас дојдов од Мадрид и од репрезентацијата на Шпанија, каде фудбалот се разбира како игра во простор, а не игра на ситуација како во Челси. Челси на тактички план е - италијанска екипа. Ти секогаш си подреден на системот. Центарфорот во секој случај мора да биде ориентир за соиграчите“.

Кога сите работат како сака Конте, напаѓачот секогаш е најважен. „Мене просто ме зачуди колку во Челси ја ценат работата на централниот напаѓач. Тимот игра за вас. Италија на Европското 2016 често играше така: топката стигнуваше до бекот, тој веднаш го бараше центарфорот или му додаваше без гледање. Деветката секогаш е поблизу до топката отколку стоперот кој игра до бекот“, дообјаснува Мората.

Кај Конте особено важна е и играта „без гледање“. Фудбалот со лажни очи го објаснува Азар: „Конте има многу тактики. Тоа не секогаш е пријатно за играчите зошто треба многу трчање, одбрана и други работи, но барем преку викенд јасно знаеме што е потребно“.

Можеме да играме и со затворени очи. Тоа е прекрасно“.

Во неколку епизоди играчите на Челси носат прави решенија „без да гледаат“. Таква беше акцијата за голот против Борнмут кој Челси го даде по разигрување од своето поле. Најдобар пример:

За екипите на Конте напаѓачите се поважни од било кој друг. Ако во другите клубови учинокот на центарфорот се оценува по головите, во тимот на Конте напаѓачот во принцип одговара на прашањето „Игра ли екипата добро“?

Конте секогаш имал на располагање такви играчи, кои не даваат многу голови, ама се дисциплинирани: Грациано Пеле, Фернандо Љоренте, Алесандро Матри и Никлас Бендтнер. Тактички дисциплинирани центарфори.

ЗОШТО СЕГА БАРА НАПАЃАЧ?

На Челси му се потребни два напаѓачи од ист профил од тактички причини зошто такви центарфори помагаат во:

3-5-2 (3-5-1-1) денес е главна формација на „Сините“. Во првата сезона на Конте со Диего Коста, Челси не играше добро зошто Диего до крај не ги следел инструкциите. На Челси му требал друг метод. Падот на формата на Мората е една од причините што Конте бара нов корпулентен напаѓач. Алваро одлично го разбира системот и е корисен, но во последно време не реализира шанси. Тој и самиот во интервју признал дека нема добри моменти во последно време.

Според последните информации од Италија и од Островот, најблизу до потпис со тимот од „Стемфорд Бриџ“ е Един Џеко. Репрезентативецот на БиХ би требало да ја напушти Рома за сума од 50 милиони евра (во зделката Челси наводно би го земал и Емерсон Палмиери во пакет со Џеко).

21 јануари 2018 - 12:02