Offside

Шпанија го владее фудбалот. Само во последните четири години освои Лига на нации 2023, Олимписки игри 2024, Европско 2024 и Светско 2026. Кога овие успеси ќе се спојат со клупските, резултатот е надреален.

Лихтенштајн нѝ е редовен пациент со кој имаме гол разлика 23:4

И покрај тоа што натпреварот нема ништо да смени на табелата, вечерашниот дуел против аутсајдерот кој има 37.340 жители и се наоѓа на 187-ма позиција на ранг листа на ФИФА, мора да биде лесни три бода и ништо помалку од тоа.

Избрани кандидатите за најубав гол на годината

Финалисти во трката за наградата „Пушкаш“ која што ФИФА му ја доделува на тој што ќе го даде најубавиот гол на сезоната се: Дејна Кастељанос, Жиру и Масулуке.

Тогаш кога твојата земја ќе се пласира на Светско

Египет е главна тема на денот во светот на фудбалот откако во последните секунди против Конго обезбедија пласман на Светскиот Куп во Русија. Се радуваше и старо и младо а еден инвалид без нога стана од количката за да се израдува.

Поради грешка на Фудбал Менаџер го викаат да игра за Боливија

Видео играта Фудбал Менаџер е толку популарна и продавана во светот што ја играат и самите најпознати фудбалери. Има екстремно прецизни податоци кои ги користат и познатите скаути, но кој работи знае да згреши па така и они.

Nomad – нова специјализирана продавница за врвни светски брендови на велосипеди

За првпат во Македонија и регионот Nomad пред продавницата постави патека за пробно возење на велосипеди и тротинети, на која заинтересираните можат веднаш да се уверат во квалитетот и перформансите на производот што сакаат да го купат.

Разликата меѓу Барселона и Аргентина кога Меси е во налет

Темата за тоа како игра Меси за Барселона и дали е оној истиот за Аргентина е многу деликатна, но две работи се сигурни: Не може да оставаат само на него и срамота е на тим со таква класа на играчи да му виси учеството на Светско. Со Еквадор немаат право на грешка и не смејат во никој случај да имаат ваква ужасна соработка во напад на видеово. Нека бидат внимателни, бидејќи на тоа гостување немаат победа од 2001-ва.

Почина најголемиот борец за воведување видео технологија во фудбалот

Ни ФИФА, ни УЕФА, никој не се бореше толку упорно и долго за ВАР, како што тоа го правеше водителот на кој Берлускони лично му се јави во живо да му каже ексклузивна инфорамција за Кака.

Занимливости од животот на најдобриот англиски центарфор

Од пред некое време ја носи капитенската лента на англиската репрезентација и на Светското ќе предводи млад и амбициозен состав. Каков бил фудбалскиот пат на Хари Кејн?

Како смешкото со два заба го виде пласманот на Вардар во ЛЕ

На овој човек каква и да му се залепи монтажа не изглегува од мода. Некој се сетил тоа да го направи со историскиот меч на Вардар кој го легна на колена Фенербахче среде Турција. Смеењето му е најзаразно на свет.

Кога фудбалот прави да плачеш на стари години

Еден возрасен човек од Египет, сигурно на 70-ина години, плаче како дете мало по голот на Мохамед Салах за пласман на Светско првенство после 28 години. Чиста емоција.

Голманскиот фараон кој ќе брани на Светско со 45 години

Есам Ел-Хадари првпат го облекол дресот на репрезентацијата на Египет пред 21 година. Од тогаш па наваму е синоним за долговечност меѓу голманите и човек кој ако го заобиколат повредите би можел да брани на Светско првенство на 45 години.

Најатрактивниот гол на квалификациите го постигна Германија

Леон Горецка е млад и има само 22 години, ама има акал за фудбал како да е Роналдињо. Германците му пукнаа петарда на Азербејџан, а фудбалерот на Шалке ги понижи како мали деца без да гледа накај гол.

Најслаткиот пласман на Мундијалот во Русија го оствари Египет

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах и ги донесе најубавите и највеселите фудбалски моменти на својата земја во последните три децении. Го однесе Египет на Светско со пенал во последни секунди. Селектор им е Хектор Купер кој ќе биде награден со половина милион долари.

Не го закачај Перо Антиќ на Твитер

Кошаркарите на белградска Црвена звезда тргнаа во одбрана на пехарот од АБА лига а во таа намера голема помош ќе имаат од Антиќ. Секогаш има и такви на кои должноста им е да се ’рчкаат по социјалните мрежи ама Скопјанецот има спремен одговор.

Ова требаше со газ да го дадеш

Роберто Баџо не треба воопшто да тагува за трагичниот пенал против Бразил, бидејќи пред себе имаше голман. Несреќников е од Холандија трета лига.

Витешка игра на Металург за реми во Украина

Без Лино Червар кој замина во Загреб за да ѝ се посвети на репрезентацијата на Хрватска и без капитенот Филип Кузмановски, избраниците на одличниот тренер Александар Јовиќ ремизираа со големиот фаворит Мотор Запорожје во Украина 

За Македонија во Торино грмеа 5.000 нашинци

Историскиот нерешен резултат против велесилата Италија потсетува на оние легендарни 2:2 против Англија во Саутемптон, но овој меч нашите репрезентативци ќе го паметот и по огромната фешта на Македонците кои живеат на чизмата. Несторгол им подари дрес.

Која селекција ќе биде најлоша втора и ќе остане без бараж

Борбата за карта во плејофот на Светско првенство влегува во финална фаза - останува уште едно коло за конкурентите да избегнат да бидат најлоша второпласирана репрезентација и со тоа да останат со кратки ракави.

Германија во квалификации има само два порази од 1934-та година

Од кога се играат квалификации за Светско првенство, вклучувајќи ги и настапите со Западна Германија од 1934-та до октомври 2017-та, Германците одиграле 91 меч: Победиле на 72, ремизирале на 17 а загубиле само два. Дале 282 гола, примиле 67. Највисока победа им е против Кипар 12:0 а најголем пораз од Англија 1:5.

Костарика во 95-та минута се пласираше на Светско

Фудбалерите на Костарика, на едно коло пред крајот на квалификациите во КОНКАКАФ зоната осигураа една од првите три места кои водат на Мундијалот. Клучниот бод го освоија против Хондурас во 95’ минута кога Кедан Вотсон даде гол со глава за тотална лудница на стадионот.

Вардар се извлече и стигна до бод во Унгарија

По трите победи во воведните три кола, Европскиот првак не успеа да го одржи максималниот бодовен учинок во Лигата на шампионите. Избраниците на Раул Гонзалес одиграа натпревар под своето ниво, но успеаа да останат непоразени. Дибиров имаше меч топка за победа.

Италија може да не оди на Светско после ремито со Македонија

Скоро па незамисливо е да се гледа Мундијал без Аргентина или Италија, две селекции кои го симболизираат најголемиот фудбалски собир на светот. Но за „Аѕурите“ работите не одат добро, па ги чека неизвесен период.

Газета: Македонија вреди повеќе од 103-то место на рангот на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација одигра машки фудбал против четирикратниот светски првак и целосно заслужено им откина бод кој никој не го очекуваше. Медиумите силно удрија по Вентура и неговите избраници и највисоките оценки им ги дадоа на Пандев и Трајковски.

Фантастична Македонија до историски бод со Италија

Во претпоследното коло од квалификациите за Светско првенство 2018, македонската фудбалска репрезентација забележа историски резултат откако ремизираше со Италија на гости 1-1 (1-0).