До рајот и назад. Од тактичка перспектива, Горан Пандев беше клучниот човек за време на тројната круна на Интер. Неговото доаѓање во јануари 2010-та му дозволи на Жозе Мурињо да направи тактичка промена на која се надеваше.
Тој ја смени формацијата во 4-2-3-1 со тоа што Горан го зазеде местото на левата страна во линијата со тројца, гарантирајќи квантитет и квалитет во однос на нападот. За да ја цениме неговата способност, треба само да ја погледнеме експлозивната брзина со која ја остави одбраната на Барселона “мртва“ и создаде бројна предност за голот на Мајкон.
Сега е зачудувачки да се мисли дека пристигнувањето на Пандев во Италија беше случајно. Пјерлуиџи Казираги, кој беше еден од тајните алатки во академијата на Интер, заминал да ја следи Македонија У-17 за да го скаутира Ацо Стојков, млад перспективен напаѓач кој на крајот не успеа во Нероаѕурите.
Казираги исто така го зема Горан и се врати во Милано со позитивен поглед за двајцата играчи. Следниот договор беше наскоро финализиран за неколку илјади евра.
Останатото е историја. Пандев прво сјаеше со Обафеми Мартинс за Интер Примавера и го освои Вијареџо Купот и Скудетото. Потоа следуваа позајмиците во Специја и Анкона, па трансферот во Лацио каде стана еден од најдобрите втори напаѓачи во лигата.
Во Интер се врати токму на време за тројната круна. Постигна гол во финалето на Светското клупско првенство, а исто така и против Баерн Минхен со што го елиминираше од Лигата на шампиони. Интуицијата на скаут тимот помогна да се обликува историјата на Интер, што е сведоштво за одличната работа која се одвива зад сцената на академијата на клубот.
Горан Пандев е роден во Струмица, Македонија на 27 јули 1983-та. Со Интер освои 2 италијански купа и по едно Скудето, Супер Куп на Италија, Лига на шампиони и Светско клупско првенство. Со 31 гол, тој е прв стрелец за македонската репрезентација на сите времиња.