Со кого може Македонија да игра во баражот за Светско

Уште несредени впечатоците од Еврошампионатот во Хрватска кој финишира во недела, веќе се зборува за Светско ракометно првенство. Во јануари следната година пак ќе се дружиме со нашите јунаци кои треба да минат низ само еден двомеч.

Македонската ракометна репрезентација ќе биде меѓу носителите на ждрепката за Светското првенство во 2019-та и веќе ги дозна имињата на потенцијалните противници.
 
Носители се практично првопласираните 9 селекции од Европското првенство во Хрватска, а Македонија влегува во тој шешир како освојувач на 11-то место. Тоа се должи на тоа што Германија и Данска како домаќини на Мундијалот и Франција како актуелен светски првак (значи сите три автоматски пласирани) ослободуваат три места.
 
Македонија се наоѓа во првиот шешир на носители заедно со Белорусија, Хрватска, Чешка, Исланд, Норвешка, Словенија, Србија и Шведска или Шпанија.
 
Противник во баражот ќе им биде една од селекциите на: Австрија, БиХ, Унгарија, Литванија, Црна Гора, Холандија, Португалија, Романија и Русија.
 
Покрај Данска, Германија и Франција засега сигурни учесници на Мундијалот се и Бахреин, Катар, Јужна Кореја и Саудиска Арабија. Во тоа друштво ќе влезе и новиот европски шампион. Ако тоа биде Франција или Данска, ќе му отвори место на следнопласираниот.
 
Преку бараж дуелите кои ќе се играат меѓу 8-ми и 14-ти јуни по принципот дома - гости од Европа ќе се пласираат уште 8 селекции.
 
Ждрепката за баражот е закажана во сабота со почеток од 16:00 часот, а Светското првенство во Данска и Германија ќе се игра 9 до 27 јануари наредната година.
25 јануари 2018 - 12:16