Анимираниот филм за Коби Брајант ќе се бори за Оскар

Еден од најголемите кошаркари на сите времиња доби анимиран филм снимен и произведен од врвните мајстори на материјата Глен Кин и Џон Вилијамс. Самиот Коби рецитира во цртаниот филм којшто е маестрален.

Во подготовка на филмот чијшто продуцент стана самиот Коби, учество земал познатиот композитор Џон Вилијамс и аниматорот Глен Кин кој долго време соработуваше со студиото „Disney“ и имаше голем удел во создавањето на ремек-делата Тарзан, Убавицата и Ѕверот, Покахонтас, Аладин и Малата сирена. Премиерата на филмот за Коби ќе се одржи во април на кинофестивалот Трајбека во Њујорк (19-30 април).

90-та јубилејна церемонија на доделување на наградата Оскар за заслуга во областа на кинематографијата за 2017-та година се одржува на 4. март. Номинирани се:

Кога шампионот на Лејкерс го објави своето повлекување од кошарката преку трогателно писмо насловено „Dear Basketball“, тој не можел да замисли дека тоа ќе се развие во кандидат за Оскар за краток анимиран филм.

„Јас бев удав за движењата. Син ми Макс играше кошарка и јас постојано правев скици за време на натпреварите. Ритамот ми беше познат. “, вели аниматорот Кин и додава:

Беше тешко да го извлечеш Брајант во облик на дете, коешто ги дипли чорапите на татко му и од нив прави кошаркарска топка. Дури и го снимавме Коби кога ни покажуваше како го правел тоа“.

 

„Ни раскажуваше за секоја секунда од тие потези и што му проаѓало низ глава. Мојот ментор, Оли Џонстон кој беше еден од ’Старите деветмина на Дизни’ секогаш викаше: ’Не анимирај што прави карактерот. Анимирај што тој мисли’.

Коби изјави дека е пресреќен што нивниот краткометражен филм беше номиниран за Оскар:

„Глен ми поставуваше безброј прашања за моето детство. Еднаш местев столици, ги редев со простор за да можам да вежбам тапкање меѓу нив. И Глен сакаше да знае како сум ги местел столиците за да го нацрта сето тоа. Јас уште паметам како се чувствував во тие ситуации“, објаснува Коби.

Американската јавност едвај чека да го гледа филмот, но дел од медиумите пишувал дека делото би можело да предизвика контроверзии зошто Коби Брајант беше обвинет за силување во 2003. година. Клучна и најтешка сцена Кин вели дека бил моментот кога „малиот Коби и големиот Коби“ се слеваат еден во друг.

„Знаев дека двајцата се должни да играат истовремено. Честичка од шестгодишниот малечок живее во секој од нас“.

За музиката Коби го поканил Џон Вилијамс и не отстапил ниту кога овој му кажал дека ниеднаш во животот не фатил баскет во рака. Вилијамс е автор на музиката за ремек-делата Џурасик Парк, И.Т., првите три дела од Хари Потер филмовите, Војна на Ѕвездите и сериите Индијана Џонс.

„Од почетокот Коби сакаше филмот да остави целосен впечаток дека е создаден рачно. Важно беше исто и дека нашиот композитор не свиреше само на синтесајзер, туку и на многу други инструменти и цел оркестар со него. Тоа создаде посебна атмосфера“, вели Кин за снимањето.

Просто е неверојатно дека оркестарот од „Војна на Ѕвездите“ свиреше за вака краток и емотивен филм за возбудливиот живот на Коби. Џон ве инспирира со работата. Навистина додаде нешто што сакав да го направам со анимацијата. Коби сам сакаше да го рецитира писмото“.

„Најважно во филмот е што тој раскажува колку е значаен, општествено корисен и инспиративен животот на Коби. Не само на младите луѓе кои сега почнуваат кариера во спортот, туку за сите, без исклучок, луѓе од сите возрасти“, објасува композиторот Џон Вилијамс.

Филмот трае точно 5 минути и 22 секунди и се состои од стихотворбата со која Коби Брајант неодамна објави за завршување на спортската кариера. Притоа кошаркарот сам го чита текстот во секој кадар. 

Номинацијата за Оскар е голем успех но и искушение за Коби: блискоста со Холивуд за него би можела да биде спорна особено после холивудските скандали во последно време кои активно се спомнуваат. И самиот Коби пред 15 години беше обвинет за сексуално вознемирување и силување, но жртвата одби да сведочи и обвинението беше повлечено.