- „Да бидам јасен уште на стартот, јас сум ама во буквална смисла така напишете, алергичен на протекции и јавувања. Тоа кај Николче Новески како директор на скаутинг службата на ФФМ не постои. Да си дозволам јас да пројдат играчи од трети, четврти лиги, без минутажа, со сомнително портфолио. Тоа нема да го видите. Скаутинг службата на ФФМ ќе рабори на германски начин“, вели за sportsport.mk поранешниот легендарен стопер на Македонија и Мајнц.
- „Не може да си дозволиме бламажа. Не смее тоа веќе да биде сликата за Македонија. Како е можно тоа некој да си го дозволи кога станува збор за македонските млади репрезентации мене не ми е јасно, а не е ниту важно. Било како било. Отсега ќе биде поинаку“.
- „Во моментов сме во фаза на формирање, на правење на тимот кој што ќе се бави со оваа проблематика. Тука се секако пред сè Горан Пандев, Ѓорѓи Христов, Илија Најдоски, Артим Шаќири, кои покрај тоа што имаат други активни функции во федерацијата ќе бидат секако поврзани со работата на скаутинг службата“, вели Новески.
- Пред нешто повеќе од еден месец Англија забележа една од најубедливите победи во историјата а Хрватска еден од најтешките порази во историјата. Англичаните славеа 0-7 и ја продолжија низата против „коцкестите“.
- Хрватска вечерва гостува на кулниот „Вембли“ во претпоследното коло од Лига на Нации.
- Традицијата вели дека Англија има серија од 4 победи портив Хрватите. На Светското во групна фаза летово ги победија 4:1. Претходно ги победија со 1:0 и 2:1 а последен пат Хрватска остана непоразена со третопласираната селекција на светот во Лига на нации во октомври 2018 кога беше 0:0 во Ријека.
- Вечерва во Лига на Нации се играат уште и натпреварите: Ерменија - Кипар, Турција - Белгија, Италија - Франција, Чешка - Шпанија, Албанија Финска и Сан Марино - Белорусија.
- Игор Карачиќ е една од најголемите легенди во историјата на Вардар. Хрватскиот среден бек помина седум години во „црвено-црниот“ дрес, од 2012 до 2019 година, период во кој клубот од Скопје ги доживеа најубавите моменти во својата историја.
- Со Вардар, Карачиќ двапати ја освои Лигата на шампионите, во 2017 и 2019 година, а токму поради своите настапи и придонесот во европските успеси, остави неизбришлива трага кај вардаровите навивачи. Сепак, зад големите успеси, трофеи и европската слава, според неговите зборови, се криела и една многу поинаква реалност.
- Карачиќ откри дека во периодот по освојувањето на Лигата на шампионите, Вардар му должел огромен број плати.
- „Кога би пресметал некоја цифра, од моментот на освојувањето на Лигата на шампионите, тоа е отприлика 15 до 18 плати. Во еден момент, кога ти даваш сè од себе за тимот, на крај мораш да се јавуваш кај својот татко и да побараш пари. А треба јас него да му помагам“, рече легендарниот ракометар.