Еден од тематските твитери на Sky Sports ги праша своите следбеници да раскажат за најдобро и најлошо деби кое што го гледале некогаш во животот (се зборувало повеќе за трампата Санчез - Михтарјан).
По неколку коментари, сите ги изненадил навивач на Норвич којшто потсетил на кошмарното деби на голманот Мајкл Теоклитос: „Најлош на сите времиња! Прими 7 гола на првиот меч за клубот и веќе никогаш не бранеше за нас. После замина од земјата и го смени презимето“, пишал навивачот на Норвич.
Но на крај се дознало дека промената на презимето не е поврзана со ужасниот старт во Норвич и не пробувал да ги прикрие своите траги. Но тоа не влијаело ама баш на ништо. 8 август 2009-та Австралиецот Мајкл Теоклитос ќе го памети додека е жив. Не по добро.
Тоа лето за Норвич било момент на пресврт. Клубот првпат за половина век испаднал во трета лига и се решил максимално брзо да избега од тука. За тренер ја поставиле локалната легенда Брајан Ган (12 години на голот на Норвич), активно работеле на трансфер пазарот - например, дошол расниот стрелец Грант Холт кој блескаше и во Премиер лигата. Меѓу новајлиите се најде и Мајкл Теоклитос, до тој момент двократен шампион и најдобар голман во австралиската А-Лига.
Но тој сончев августовски ден Теоклитос бил најлошиот голман на Земјината топка.
Тоа што им се случило било катастрофа. Фаворитот на сезоната Норвич губел 0:4 од Колчестер веќе по 22 минути игра. Навивачите бесни ги пцуеле играчите и управата, некои ги напуштиле трибините а двајца навивачи се симнале на теренот и ги фрлиле сезонските карти кон резервната клупа (којзнае како се чуствувале на крајот од сезоната кога Норвич ја освоил лигата и обезбедил пласман горе).
Но можеме да ги разбереме. Колчестер го прегази нивниот Норвич со рекордни 1:7!
А Теоклитос? Мора да го видите:
Да, и одбраната била ужасна, ама 7 гола од 10 шута е просто за неверување.
Тренерот Ган го поддржал Мајкл до одлуката на Австралиецот да замине, после пар дена. Норвич наскоро го избркал и тренерот и го поставил менаџерот на тимот кој ги понижи - Колчестер. Интересно со Ламберт Норвич се врати дури до Премиер лигата каде два пати финишираше на средина од табелата. Но без Теоклитос.
Договорот со него бил раскинат после половина месец. За тоа време веќе ниеднаш не бранел за Норвич: кај новиот тренер бил трет голман а еднаш ненадејно добил шанса во Купот, но половина час пред клупскиот автобус да тргне на пат, решил да не патува.
Ги спакувал куферите и се вратил во Австралија, си дошол на себе и одново ја освоил шампионската титула и награда за најдобар голман во лигата. За англиската трагедија раскажува филозофски: „Тоа време ми даде многу поука како професионалец и како човек. Тоа беше животна школа. Ме направи гладен како никогаш и се покажа
Сега Мајкл има 36 години, брани во тимот Бризбејн и носи друго презиме. Промената била чисто козметичка: од Теоклитос во Тео. Голманот го објаснил тој потег со тоа што сите во Австралија го нарекувале така. Некои сметале дека со тоа ќе им се допадне на луѓето од федерацијата да го постават за тренер во репрезентацијата но не се случило.
Може да нагаѓаме зошто го сменил презимето - од пасошка олеснителност до локална интерпретација. Едно е сигурно, го сменил после тоа што му се случи на 8. август 2009-та кога Мајкл Теоклитос (Тео) примил 7 гола на единствениот меч за Норвич.