Таг: голманска грешка

Аматерска голманска реакција во ЛШ

Само што ви ја раскажавме сензацијата на шампионот на Фарски острови над шампионот на Унгарија и налетавме на еден од головите од тој меч во рамките на првото квалификациско коло за ЛШ. Ференцварош е дома елиминиран и посрамотен од Клаксвикар со 0:3, кој им гостуваше со голман кој две години е во пензија. Ова трчкање како во парк, зачинето со срамен кикс го прави голманот на домаќините.

Тешка голманска глупост во 93-та минута

По сензационалното реми против Алжир, аутсајдерот Сиера Леоне стигна до нов јуначки бод во Купот на Африкански нации и против фаворитот Брег на Слонова Коска. Но овој пат со многу многу среќа и страшен кикс на голманот кој се заби во земја и им ја подари топката за конечни 2:2 во судиското продолжение. Колку лоша интервенција.

Голманот на Херта прими гол како прв пат во живот да брани

Борусија Дортмунд ја совлада Херта со 2:0, а резултатот го отвори Јулијан Бранд со убав удар кој наликуваше на сув лист, иако не сме на чисто дека ова е неодбранливо. Па во него ја шутна, а Рун Џарстаин има 36 години, што е непроценливо искуство за голман. Погледне како пацерски реагираше.

Видовте ли што направи голманот на Брест?

Во Франција за влакно не падна автоголот на векот во режија на голманот на Брест кој изрежира нешто невидено до сега. Прво не ја прими како што треба, а потоа дегажираше како најголем паничар. Од мртов агол успеа да погоди и пречка и статива. Луда работа.

Реакција на голманот на Мајорка како во 4-та романска лига

По 120 минута игра Мајорка одигра 2:2 на гостувањето против Фуенлабрада во Купот на Шпанија, а потоа беше елиминирана на пенали. Трајковски даде убав гол, а голманот реагираше уште поубаво во продолженијата од мечот.

Најглупавата голманска иновација на бранење пенал

Ќе му стојам скроз десно за да го навлечам да ми шутне лево беше маалска фора во 90-те и таму заврши. Арно ама се најде голман во руската втора лига, со цел памет да го проба тоа на официјален меч. Не му се смее цел свет.

Кога за голман ќе го викнете најкутрото другарче

На оној што ја собира екипата за во балон, воопшто не му е лесно да собере шестмина, особено добар голман. Па за да не пропадне терминот се случува да викне некој што до волку е фатен во рацете.

Голманот на Шкендија за 2 секунди два пати ја промаши топката

Тетовчани или поточно нивниот голман Костадин Захов му подари бод на Работнички во куп натпревар кој заврши 1:1, затоа што киксираше како никој друг. Па во корна да ја рогнеше ќе беше подобро од ова.

Кај се видело бе голман да изведува аут?

Остај што го изведува, туку погледнете како го изведе и до кого. Киксов кој не може да се објасни се случува во Јужна Кореја. Абе имаше играч пред тебе кој ти ја бараше, каде ја даваш таму?

Ти голман си или напаѓач?

Ако сите голмани беа како Мануел Ноер, сите ќе беа дриблери и во шеснаесетник жива душа ќе немаше. „Рогај ја бе, не ја пимплај“ е златен маалски совет кој треба да важи и за Бугаринов.

Поглупа игра во одбрана не можеа да одиграат

Голманот и дефанзивецот два дена не прават муабет со никој.

Голман, ти не треба да браниш

Тунис стаса до полуфинале на Африканскиот Куп на нации и го загуби со 1:0 од Сенегал. Ама како стаса со ваков голман, стварно е нејасно. Па уште и замената му е киксер. Компилација на нивни срамни киксови само од ова континентално натпреварување кое завршува денес.

Кога голман многу го сака Робин Ван Перси

Затоа Ноер е Ноер. Не може секој голман да пробува работи кои не му се во доменот. Или може, ама ќе заврши како овој.

Суртук

Стоперот Нојштадер му ја враќа, а голманот Харун Текин го прави најголемиот кикс во турската лига колово и прима гол за 1-0. Среќа Елиф Елмас набрзо израмни на 1-1, а до крајот Фенербахче и славеше со 1-3.

За ваков кикс во маало ластици се јадеа

Арсенал синоќа освои многу важни 3 бода во битката за ЛШ и сега е четврт со ист број бодови, но подобра гол разлика од Челси. Победата ја остварија благодарение на несмасниот голман на Ватфорд. Ај бе бегај ја ќе бранам, знаеше да му рече шпицот на голманот за вакви грешки на игралиште во маало.

Добро ти глуп си или што е работава?

Голманот не е крив, туку тоа 6-ка која треба да јаде чврги. Ја гледа топката и се шетка лабаво, како да е на пазар. Се работи за полскиот прволигаш Заглембе Лубин.

Е мој Ведран, главо празна

Утрово по наше време играа Бризбејн Рор и Вестерн Сиднеј Вандерерс во австралиската прва лига и мечот заврши 2-2. Гостите водеа 1-2 до 90+6’ минута кога гостинскиот голман Хрватот Ведран Јањетовиќ направи глупост после која примија гол.

Голманот на Врање го изеде најголемиот срам викендов

Тоа што Динамо Врање загуби 6:0 од Партизан не е толку за греота колку што е за греота реакцијата на нивниот голман. Како ли успеа вака да се избламира? Локум беше топката.

И Тајланд има свој Столе

Во четвртото коло од групната фаза на Азискиот фудбалски шампионат (се игра на две години), Филипини и Тајланд одиграа 1-1. Домаќинот израмни со гол на Јовин Бедик во 81’ по лоша проценка и слаба реакција на голманот на Тајланд, Чачаи Будпром.

И Монако има свој Столе

Тјери Анри имаше неславно тренерско деби на кое неговиот Монако загуби од Стразбур со 2:1. За 22 годишниот Сенегалец Сејду Су ова требаше да биде само лесна тренинг топка, а не несмасна реакција како прв пат да брани во живот.

И голманот на Коморски острови се истакна јако

Трагикомичните, смешни и недозволиви интервенции за еден голман продолжуваат со чуварот на голот на островската земја од индинскиот океан, Коморски острови кои одигра 2:2 против Мароко.

Уживај Столе сè ти е простено

Секогаш кога ќе помислите на пацерските голови кои ги примивме од Ерменија, сетете се на дечково.

Автоголот на сезоната падна од голман во Софија

Голманот на ЦСКА Софија, Литванецот Витаутас Черјнаускас сакаше да ја избие топката што подалеку во својот гол, но поради глупава грешка таа на крај заврши во неговиот гол. По негова среќа ЦСКА на крај победи 3:1 против Черно Море.

Зошто голманите се најраат под сенка

Ватфорд го изненади Тотенхем со 2:1, а заменикот на повредениот Хуго Љорис, направи потег веројатно до сега невиден во Премиер лигата. Ви го претставуваме Мајкл Ворм, голман со четири настапи во англиското првенство од август 2016-та до сега. Што значи и не мора да значи дека е до сонцето.