Само што ви ја раскажавме сензацијата на шампионот на Фарски острови над шампионот на Унгарија и налетавме на еден од головите од тој меч во рамките на првото квалификациско коло за ЛШ. Ференцварош е дома елиминиран и посрамотен од Клаксвикар со 0:3, кој им гостуваше со голман кој две години е во пензија. Ова трчкање како во парк, зачинето со срамен кикс го прави голманот на домаќините.