Со головите на Мане и Фирмино, Ливерпул го совлада Лестер и ја запиша четвртата победа на четири меча во Премиер лига. Но мечот остана во сенка на кардиналната грешка на астрономски скапо платениот голман на Ливерпул, Бразилецот Алисон.
Второто полувреме од дуелот на титаните во Мадрид почна ужасно лошо за гостите. Свен Улрих кој го менува повредениот Ноер направи голманска грешка која проаѓа само на тренинг. Бензема го казни за 2:1.
Марк Флекен кој брани за германскиот второлигаш Дуизбург, ништо чудно да окапе од седење на клупа до крај на сезона поради казна. Ние не паметиме до сега некој голман да пие вода во ситуација кога голот му е загрозен. Бисер на годината.
Фудбалот на Островот е богат со анегдоти за кои може да се раскажува со денови. Но она што го снашло австралискиот голман во Норвич е за игран филм. Со хорор призвук додуше.
Сандерленд и Милвол одиграа 2:2 во Чемпионшип лигата во натпревар кој буди сомнежи дека голманите на двете екипи пред натпревар биле заедно на пиво и заглавиле. 4 гола, 4 смешни интервенции. Нешто невидено до сега. И во студио им фаќаа сеир.
Голман во Катар покажа целосно непочитување кон својата позиција на која игра со потег кој скапо го плати. Кај строг тренер за ова глупирање веднаш се добива статус на резерва. Остај го ти Ноер, него му се пресметани овие излети до стотинка.
За да умееш да задржуваш време треба да те бива. На пример Џиџи кога зема залет да ја изведе, прво ќе ја крене раката едно 2-3 пати, демек еве сега. Ама тоа е Италија, а ова Танзанија и играње со оган.
Фудбалерите на Реал Сосиедад синоќа загубија од Зенит со идентичен резултат како Вардар од Розенборг во групата Л од Лига Европа, а за вториот гол Аргентинецот Херонимо Рули исплива како мало дете.
Тренерите на големите екипи имаат пракса во Купот секогаш да бранат резервните голмани, па дури и во завршницата на овој турнир. Јувентус за малку ќе се покаеше вчера што Бразилецот Нето почна од почеток и направи неколку кардинални грешки после кој Јуве примаше голови. Мертенс му даде гол 8 секунди откако влезе во игра.