Македонија ја немаше на Светско. Пречка во бараж полуфиналето беше Данска. Но, Македонија сепак имаше свој претставник таму. Тоа е Мијалче Дургутов. 10 од 10 има.
И покрај дождливото време Академија Пандев и Вардар ги наполнија мрежите во Битола и Тетово на денешното 15-то коло во македонската Прва лига. Струмичани славеа против Пелистер со 3:4, а македонскиот првак ја декласираше Ренова 2:5. Имаме два гола за издвојување.
После Светското првенство 1958-ма - последно на кое не играла Италија, местото на голот на обновената репрезентација го добил Лоренцо Буфон. Втор братучед на дедо му на Џиџи Буфон. Уште е жив и се крсти во Џиџо Донарума.
Без разлика на сериозноста на повредата и на годините со кои го носи епитетот ветеран, Златан не е Златан ако не даде ваква изјава, како вистински маж. Капа доле за упорноста и решителноста. Слушајте и учете.
За квалитетите на селекторот кој има тренирано екипи како Пиза, Бари, Месина, Лече и Венеција, а врвот му се Торино и Сампдорија, доволно говори и содржината на оваа порака која играч на Италија му ја пратил на свој колега.
Со триумфот на Перу над Нов Зеланд, комплетирани се 32-те земји учеснички на Мундијалот кој ќе се игра од 14 јуни до 15-ти јули во Русија. Домаќинот се падна во најлесната можна група. Англија против европскиот првак.
Еден од најдобрите кошаркари на денешницата Леброн Џемјс со соиграчите решиле по утринскиот тренинг во „Медисон Сквер Гардерн“ со метро да се вратат во хотелот каде престојувале. Се измешаа со обичниот свет.
Од Нов Зеланд до Перу според Гугл мапс има 19 часа летање со авион, но за гостинската селекција патешествието траеше уште подолго. Перуаинските аеродромски власти од необјасниви причини слетувањето им го одложија за три часа и поради тоа Нов Зеланд за момент запре во малото градче Икике во северно Чиле. 36 годишниот Шеин Смелц тоа го искористи за сув краток тренинг.
По пауза од 36 години Перу се враќа на Светските првенства, а земјата до толку е во транс што од преголемо славје се активираше апликација за мерење на земјотреси.
Легендарниот колумбиски фудбалер кој нема кој не го памети по фризот на трите Мундијали на кои учествуваше (1990, 1994 и 1998), е вклучен во реклама за борба против ракот. Ама ептен оригинална реклама.
Младинската репрезентација на Норвешка ја совлада Ирска У21 со 2-1 во квалификациите за Европско првенство. Мартин Одегард го отвори резултатот уште во 19’ минута. При резултат 1-1, надежта на Реал со страшна асистенција проигра свој соиграч но тој не реализираше. Норвежаните победија после голот на Ивер Фосум во 90’ минута од мечот.
После 22 меча за 884 дена во далечни земји на крајот од светот, „Кенгурите“ заслужено обезбедија пласман на Мундијалот 2018 во Русија. Имаа убедливо најтежок пат до Светското.
Во целата експлозија на гнев на социјалните мрежи, најдобрата спрдња за Џан Пјеро Вентура, на кој вечно ќе му стои црната дамка за најголемиот неуспех во историјата на Италија, ја направи Икеа.
На сета таа српска колонија на играчи во Серија А, не можеш да очекуваш сите да ги прифатат италијанските манири под кои се подразабира седенка во ресторан со пршутче, винце и паста. Абе син ми се роди од четврта мајка, има да пијам до 5 сабајле.
Последната европска земја која се пласираше на Мундијал 2018 е Данска која што ја згроми Ирска со 1-5. Целата работа ја заврши Ериксен кој на реваншот во Даблин постигна хет-трик.
По Исланд и Шведска, селекцијата на Данска стана третата скандинавска земја која обезбеди пласман на СП 2018, што се нема случено во историјата. Гостин во отвореното студио на терен беше пензионирниот дански фудбалер Ларс Јакобсен. Го настинаа човекот.
Бразилска работа. Фора на тренинг им е кој на кого ќе му ја протне низ нозе. Прво ѕверката од Сити Габриел Жезус го изработи Нејмар, а после најскапиот фудбалер на планетата едвај чекаше да му врати.
Феноменалниот Кристијан Ериксен од Тотенхем синоќа со хет-трик на големо ѝ помогна на својата Данска да ја прегази Р. Ирска со 1-5 во Даблин и да се пласира на Светското 2018. Неговиот прв гол на мечот беше ремек дело.