Географскиот атлас на Лионел Меси

Гол.ком направи интересна иконографика за најдобриот фудбалер на денешницата според многу параметри.

На сликата кога изгледа како географски атлас, се гледа против кои репрезентации и клубови Меси ги решетал мрежите.

Интересно е што на пример против Баерн Минхен дал повеќе голови отколку против Бате Борисов. На мечот против Атлетико Мадрид минатиот викенд со еден удар скоро да го реши прашањето за шампионската титула во Шпанија а тој гол стана негов јубилеен 600-ти во кариерата!

539 од тие 600 Меси дал за Барселона, 53 во головите на Реал и Атлетико Мадрид.

После 27 кола во Примера сезонава, Меси е лидер по многу показатели: најдобар стрелец е во моментов, најдобар асистент, најдобар дриблер, најдобар креатор на гол шанси и никој не шутира прецизно како него на противничкиот гол.

Сезонава Меси дал 35 гола што е најдобар учинок во Топ-5 лигите во Европа. Повеќе за неговите чуда тука.