Лудите бројки на Меси кој постигна 600 голови на 97 стадиони во светот

Човек кој има 44 хет-трикови, 39 голови од слободен удар, 30 трофеи и вкупно 600 голови во кариерата, сето ова до својата 30-та година од животот не може да не го добие епитетот Бог на фудбалот.

Веројатно најдобриот играч кој се појавил во светот на фудбалот продолжува со своите достигнувања кои го одржуваат на пиадесталот како нешто посебно за кое критичката спортска јавноста е веќе в недостиг на суперлативи.
 
Викендов Барселона го совлада Атлетико Мадрид во битката за титулата, а единствениот погодок на средбата беше дело на Лионел Меси од слободен удар, вкупни шести сезонава од таа позиција и трети по ред.
 
Најголемите три жртви на аргентинската машинерија во шпанското првенство се трите најголеми екипи. Против Севиља има постигнато 29 гола, против Атлетико 28 и против Реал 25.

Најголемите негови достигнувања низ бројки изгледаат вака:
 
747 - Вкупниот број на натпревари одиграни за клуб и репрезентација. Дебитираше на 16 октомври 2004-та како 17 годишен тинејџер на Барса и од тогаш за нив одигра 624 средби.
600 - Вкупен број на голови за клуб и репрезентација со просек од 0,8 по натпревар.
539 - Бројот на голови постигнати за Барселона
496 - Бројот на голови постигнати со неговата лева нога
493 - Бројот на голови кои ги има постигнато на шпанско тло.
491 - Иако игра брилијантно од 2006-та, сепак оваа декада е на многу повисоко ниво. 491 од тие 600 голови ги постигна од 2010-та година.
373 - Број на голови постигнати во Ла Лига на 409 натпревари.
246 - Со оглед на тоа што е и одличен плејмејкер, тој е и маестрален асистент. 149 од овие 246 асистенции му се во Ла Лига.

98 - Број на голови постигнати во Лига на шампиони на 122 мечеви.
97 - Број на стадиони во светот на кои постигнувал голови.
77 - Број на голови постигнати од пенал.
77 - Број на голови постигнати со десна нога.
61 - Број на голови постигнати за Аргентина
44 - Број на хет-трикови во кариерата
39 - Број на голови од слободен удар.
30 - Број на трофеи кои ги има освоено за Аргентина и Барселона.
24 - Број на голови од слободен удар во Ла Лига, кој инаку претставува апсолутен рекорд.
5 - Број на освоени Златни топки, исто колку што има и Кристијано Роналдо.
4 - Број на освоени Златни копачки, исто колку Кристијано Роналдо.
3 - На последните 3 средби во Ла Лига постигна 3 гола од слободен удар, а тоа му има успеано само два пати во кариерата.
5 март 2018 - 12:51