Немаше сон за играчите на Реал Мадрид, ултрасите на ПСЖ им лудуваа пред хотел

Актуелниот француски првак на кој вечерва му треба резултат од 2:0 за пласман во четвртфинале, доби помош од својот 12-ти играч кој се обиде да ги остави неспани Кралевите.

Околу 300 навивачи на ПСЖ синоќа организирано пукаа петарди, фрлаа димни бомби и пееја пред хотелот на Реал Мадрид обидувајќи се да им направат колку што е можна поголема бучава во пресрет на денешниот натпревар од Лига на шампиони.
 
Реал Мадрид пристигна во Париз да брани резултат од 3:1 од првиот дуел, но доцна ноќеска мораше да се справува и со жестоката атмосфера пред нивниот хотел.

„Ова е Париз, заедно ќе успееме во тоа“, гласеше пораката на сите видеа кои парижаните ги ширеа низ социјалните мрежи, пренесувајќи ја сликата која ја создадоа пред хотелот на нивниот вечерашен противник.
 
Тие извадија и два големи банери на кој пишуваше “Puta Madrid“ и “Војна е"