Резиденцијата во која ќе се рехабилитира Нејмар

По операцијата на десната нога, Нејмар го започна закрепнувањето и неговиот кам бек се очекува за околу три месеци. Со тоа стартува и неговиот кралски живот без да има потреба да се поти, освен ако претера со лежење на сонце.

Бразилската ѕвезда на ПСЖ се наоѓа во туристичкото место Мангаритиба во близина на Рио де Жанеиро, но тој е отсечен од јавноста во неговата палата вредна 28 милиони долари.
 
Има шест апартмани, шест паркинг места, хелиодром, тениски терени, подземна визба со греење, велнес центар со хидромасажа, турска бања, сала за масажа, модерен фитнес центар, простор за да може да се укотви брод, како и ред друг лукузи.
 
Ептен ќе му се слоши што се повреди.

6 март 2018 - 14:35