Offside

Фудбалерот на Борусија Дортмунд Феликс Нмеча западнал во непријатна ситуација поради прослава на еден негов гол. Му скокнале од разни страни, а за целата работа се заинтересирал и селекторот на Германија Јирген Клоп.

Голман, на лева нога да не си станат?

На серијата чудни и несфатливи автоголови кои почнаа со Холандија, па продолжија со Шведска, им се прикличуваат и Американците на турнир за играчи до 23 години. Со таа разлика што во случајов, некако голманов како да се ушепртља.

Фото на денот

За да не ги помешате ради истиот имиџ: лево на сликата е Перо Антиќ, десно неговиот клупски колега Филип Човиќ. Сеирџиите со повеќе слободно време во животот искористија заедничка фотка од нив двајца за да објаснат кој е уствари тој до Перо.

Гризман и Атлетико шампиони во Лига Европа!

Екипата на Диего Симеоне кој и вечерва издржуваше суспензија па беше на трибините, по трет пат ја освоија Лига Европа откако го декласираа Марсеј со 3:0 (1:0).

На Јувентус му фалат уште три Скудета

„Јувентус е понапред од сите и ќе освои 10 Скудета по ред“, изјави историскиот фудбалски агент, Серџо Берти, летото 2012-та.

Професор Пениси делел совети за руските жени пред Светското

Во Аргентина избил голем скандал откако тамошната фудбалска федерација им поделила прирачник на фудбалерите, стручниот штаб и навивачите за тоа како да се однесуваат во Русија. Во часописот пишува и како да им се додворуваат на Русинките.

Автогол на сезоната во Шведска

Во шведското првенство, Хакен го прегази Елфсборг со 5-0 а првиот погодок на мечот беше автогол на Роберт Гојани.

Судијата од Србија да ти бил специјалист за непостоечки пенали

Знаете ли од што ќе му биде најмногу срам на Милорад Мажиќ кога на 26 мај ќе стаса во Киев? Да каже од каде доаѓа. За Србија веќе три дена се пишува низ цел свет дека судија завршил во станица откако измислил пенал на прволигашки натпревар.

Малиот ѓавол се враќа во својот крај - Како Лион го одбил Гризман

Најдобриот француски напаѓач на денешницата вечерва ќе игра со својот Атлетико Мадрид во финалето на Лига Европа во градот чиј фудбалски клуб не сакал да го прими како мал дека бил слаб.

Со кој состав Јоаким Лев ќе ја брани светската титула во Русија

Костурот е скоро истиот од Бразил, со исклучок на некои пензионирани репрезентативци. Германија има талентирана младина на која може да смета, но ќе го нема златното момче кое стрелаше во 113-та минута. 

Марсеј, па остатокот од земјата

Навивачите на Олимпик Марсеј, единствениот француски клуб кој донел европски трофеј во земјата, го сметаат својот град за престолнина. Не го можат Париз ниту пак ПСЖ и вечерва се спремни да побудалат од среќа ако го победат Атлетико Мадрид во финалето на Лига Европа.

Што нема да се случи - Марадона ќе работи во Динамо Брест

Таман кога ќе помислиш дека сè си слушнал и видел во светот на фудбалот, следниот ден ќе те изненади некоја нова вест.

Играчите на Спортинг нападнати од хулигани, Ристовски е добар

Вчера 50-ина маскирани хулигани, приврзаници на Спортинг влегле во тренинг центарот и ги нападнале играчите и тренерите меѓу кои има повредени.

Нов штос на Твитерот на Рома

За тоа колку е цар твитерџијата на италијанскиот прволигаш дознавме по сензационалната елиминација на Барселона во четвртфиналето од ЛШ, ама сега има нешто да и каже и на УЕФА за нивното невоведувањето на ВАР. Со ова комично (иронично) видео сакаат да потсетат на пеналот кој не им беше досуден на реванш полуфиналниот дуел со Ливерпул. 

Херојот од соблекувалната на Реал Мадрид

До финалето на ЛШ има уште 10 дена, лабави сме и не е на одмет малку да се опуштиме, а во тоа ќе ни помогне син му на Марсело, си рекоа Кралевите. Браво бе сине, цел си на тато.

16 години од страшниот волеј на Зидан против Леверкузен

На денешен ден во 2002 година Зинедин Зидан му ја донесе на Реал Мадрид деветтата титула во Лигата на шампионите со еден од најубавите голови во историјата на овој турнир.

За светските мега царици, за нашите хероини

Ги пратив писмава и до ЖРК Вардар, но не знам дали тие ќе ги добијат, а би сакал да ги споделам некаде, некако, да ги поддржам и бодрам за последен пат и тоа да остане и моја утеха за разделба..

Самсоненко: Буџетот на Вардар веројатно ќе биде 7-8 милиони евра

Парите од ЖРК Вардар нема да се одлеваат во другите два клуба, изјави газда Сергеј Самсоненко во интервју за гол.мк. Точно е дека им касни со плата, ама тврди дека не му останал должен на ниту еден спортист.

Ни обезбедување на аеродром не ги сопира Роналдо и Ромарио

Направете ни реклама на која ќе бидат прикажани во вистинско светло бразилските фудбалери, им рекле од Најк на продуцентите кои требале да ja смислат. И така се родило едно од мајсторските видеа со мајстори во него. Дечки знаете што? За точно 1 месец почнува светско.

Што имаат заедничко Неста, Перуџа и 14 мај

Кој би рекол во 2000-та година дека Алесандро Неста еден ден ќе стане тренер на Перуџа, клубот на кој сега има шанса да му се заблагодари за една професионално завршена работа во едно големо невреме за кое секогаш ќе се зборува во Рим.

Чудесен прием на топка

Напаѓачот на Коринтијанс Анхел Ромер не заборавил дека е во Бразил и ефектно примил една топка на дуелот со Палмеирас кој неговите го добија со 1:0.

Палестинец со тениски рекет враќал гасна ракета

Во немирите кај појасот Газа загинале 58 Палестинци што е најголем број загинати во еден ден по избивање на немирите во 2014-та а повеќе од 2.000 се повредени.

Е така е

Трпат критики за блискост со судиите, за загубени финалиња во ЛШ, за вулгарни напади против судијата против Реал во четвртфинале, ама на крај вистината е таа. Никој не може да се мери со нив во Италија.

Жалната исповед на Дани Алвеш

Во текст за The Players' Tribune, медиум кој содржи колумни потпишани лично од познатите спортски ѕвезди, бразилскиот бек ја натажи јавноста.

Голман остај мобилниот ќе ти дадат гол

Тоа што никогаш не го очекувавме и очекувавте дека може да се случи на маалски турнир, се случи на прволигашки натпревар во Бразил. Голманот на Атлетико Паранаенсе на сред на натпревар фати да скрола на мобилен. Па каде отиде фудбалот? Да земеш да му го го удриш од глава.