Аргентинската фудбалска федерација (AFA) во вторникот организирала лекции за играчите, тренерите, новинарите и официјалните лица кои ќе патуваат на Светското во Русија.
Извесен професор Едуардо Пениси (не се смејте), специјалист за руската култура (студирал хорско пеење уште во СССР на крајот од ’80-те), раскажал за рускиот јазик и култура. На посетителите им дале скрипти а еден од листовите ги изненадил сите. Тој бил посветен на односот со руските девојки под наслов „Што да правиш за да имаш шанса“.
Новинарот Начо Катуљо ги постираше овие фотографии на Твитер:
После кратко време сите скрипти биле повлечени и пратени на нова реедиција, но веќе било доцна затоа што фотографиите се споделиле на интернет и избил скандал за мизогинија.
Во AFA изјавиле дека тој човек живеел во Русија и дека немал никаква врска со фудбалската федерација (хм што ни е ова познато).
Па, да видиме што советувал професор Пениси:
„ 1. Руските девојки, како и сите други девојки, посебно внимание обраќаат на оние мажи кои се тушираат, добро мирисаат и добро се облекуваат. Првиот впечаток им е многу важен. (мислиш открил топла вода)
2. Руските девојки не сакаат кога ги гледате просто како објект (за секс). Многу мажи едноставно сакаат да ги однесат во постела затоа што руските жени се прекрасни. Можно е тие да не се против но при тоа сакаат да бидат посакувани. Следете ги своите принципи и уважувајте ги, не поставувајте глупави прашања за секс. За Русинките сексот е приватна работа за која не зборуваат јавно (можно е да не ми верувате, но знам мажи кои прават така).
3. Русинките не сакаат додевни ажи. Ако немате тема на разговор и просто мислите што да кажете следно, ќе изгубат интерес. Запомнете, вие сте странец и може да зборувате за својата земја, за тоа како живеете или што ви е предмет на интерес. Запомнете дека е важно разговорот да трае. Погрижете се да бидете искрени.
4. Избегнувајте да бидете негативни. Жените избегуваат луѓе кои се концентрираат на негативното - на работа, во односи и во животот.
5. Не поставувајте стандардни прашања, бидете оригинални. Обично тие сакаат да дознаат повеќе за вас, па раскажете им е. Запомнете дека многу од нив не знаат ништо за вашата земја така што имате предност. Допуштете таа да го почуствува тоа.
6. Руските жени сакаат мажи со иницијатива. Ако не сте сигурен во себе тогаш треба да вежбате однос со жени.
7. Русинките обично не сакаат ако за време на разговор зборувате само за вас. Тоа е чест проблем меѓу мажите кои се егоистични или нервозни кога разговараат со убава жена. Во обата случаја треба да го смените својот пристап.
8. Не обидувајте се да оставите силен впечаток. Можно е да раскажувате за тоа колку сте богати, колку знаете се, колку сте совршени а сите други се бедни будали. На крај краева, девојката ќе ве провали ако има здрава промисла. Бидете единствени и зборувајте весело за вашите недостатоци и предности. Обично руските девојки фрлаат поглед на важните работи но парите не им се пресудни.
Во Русија има многу убави жени, имате избор.“, стои во скриптата објавена од Аргентинскиот фудбалски сојуз.
Брзо се дознало дека инструкциите произлегле од блог на некој Амар, но пиар-катастрофата веќе биднала. Меѓу 40-те новинари на лекцијата имало и три жени кои не се вознемириле многу.
Во Аргентина во последно време има многу скандали поврзани со сексизам така што овие прашања сериозно се под лупа на јавноста. Тоа негативно може да се одрази и на кандидатурата на АФА за организација на Светското првенство 2030 (заедно со Ургувај и Парагвај).