Гризман и Атлетико шампиони во Лига Европа!

Екипата на Диего Симеоне кој и вечерва издржуваше суспензија па беше на трибините, по трет пат ја освоија Лига Европа откако го декласираа Марсеј со 3:0 (1:0).

По трет пат во последните осум сезони Атлетико Мадрид му се израдува на вредниот трофеј во најмасовното европско натпреварување. Вечерва во Лион пред далеку повеќе навивачи на Марсеј, „јорганџиите“ со три гола ја наполнија мрежата на Манданда.

Играч на мечот беше францускиот репрезентативец Антоан Гризман кој постигна два гола во 21’ и 49’ минута додека капитенот Габи го затвори финалето по брза контра во 89’ минута. Голем хендикеп за Французите беше повредата на нивниот најдобар играч и капитен Димитри Паје кој во 30’ минута во солзи го напушти теренот:

 

И покрај тоа што навивачите на Марсеј и голем дел од Франција беше спремна конечно да слави во едно финале на Куп УЕФА/Лига Европа, ни трет пат тоа не им појде од рака (1999, 2004 и 2018). Од друга страна детето на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес на најубав можен начин ќе замине од клубот за кој играше 15 години - со трофеј, прв негов откако е во Атлетико.

Учинокот на Гризман сезонава за Атлетико:

ОЛИМПИК МАРСЕЈ - АТЛЕТИКО МАДРИД 0:3 (0:1)
/Гризман 21’, 49’, Габи 89’/

Диего Симеоне стигна до својот втор пехар во Лига Европа, а вкупно шести откако е на клупата на Атлетико Мадрид. Со овој голем триумф, шпанскиот фудбал уште еднаш покажа апсолутна доминација во европскиот фудбал - освоија седум од последните осум големи европски трофеи.

Вечната листа освојувачи на Куп УЕФА/Лига Европа:

5 пехари има Севиља
3 Јувентус, Интер, Ливерпул и Атлетико Мадрид
2 Борусија Менхенгладбах, Тотенхем, Реал Мадрид, Гетеборг, Парма, Феенорд и Порто.