
Протестите почнаа откако САД ја префрли својата амбасада од Тел Авив во Ерусалим и тоа на ден пред денот „Накба“ (15. мај - Ден на катастрофата) кога повеќе од 700.000 Палестинци биле присилно избркани од своите домови во 1948. година кога Израел прогласил независност.
Палестинците секоја година на 15. мај одржуваат минута молк и организираат маршови и демонстрации. Во меѓувреме фудбалскиот клуб Беитар од Ерусалим чии следбеници важат за радикални десничари реши во своето име да го додаде и презимето на американскиот претседател Трамп.