По распродажбата на многу играчи од ФК Вардар, заминувањето кое ќе се случи по оваа сезона на 7-8 важни ракометари од актуелниот првак на Европа и промената на женскиот ракометен тим од европски во тим само со македонски ракометарки, цела јавност се прашува.
Што ќе биде со ФК, РК и ЖРК Вардар? Останува ли Сергеј Самсоненко и следна сезона? Ќе има ли замени за тие што се во заминување?
Рускиот бизнисмен вели дека продолжува да инвестира во Вардар на следниов начин:
„Парите од ЖРК Вардар нема да се одлеваат во другите два клуба. Фудбалот ќе биде со скоро ист буџет, а машкиот ракометен клуб ќе има мало намалување во буџетот, пред сѐ затоа што ќе дојдат нови играчи. Разликата во буџетот во однос на лани ќе биде 10-15%. Веројатно околу седум до осум милиони евра ќе одат во Вардар. Но, точно ќе знаеме по пресметките, кога ќе формираме комплетни екипи, односно кога ќе се договориме за продолжување на соработка со актуелните, како и кога ќе донесеме нови играчи и во фудбалот и во ракометот“.
Шпекулациите кои се вртеа како чаршиски муабет дека во Вардар се доцни со плати излегоа точни, но Самсоненко тврди на крај им исплаќа сè на спортистите и вели дека зема кредити и продава имот затоа што е тешко да се носат на грб три екипи.
Целото интервју може да го прочитате на Гол.мк.