Offside

Веќе се познати сите екипи кои ќе играат во новата сезона од Лига на шампиони 2026/2027. 36 тима од кои некои ќе бидат дебитанти и за првпат ќе играат во најдобро друштво.

Прекрасните кореографии на дербито Интер - Милан

Двестедваесет и второто издание на Дерби дела Мадонина поубаво изгледаше на трибините отколку на теренот. Навивачите на Милан и Интер со недели работеле на преубавите кореографии кои ги кренаа синоќа на „Сан Сиро“.

Сте виделе ли како се изведува слободен удар од 60 метри?

Прво треба да имаш слособност ала Дејвид Бекам и второ голманот да ти го потцени ударот, толку. Примерот ни доаѓа од унгарскиот фудбал, поточно од мечот меѓу Ференцварош каде игра Стефан Спировски и Пушкаш Академија. Гостите славеа со помош на овој нетипичен начин на изведување слободен удар од своја половина.

Какво е ова позиционирање на Донарума?

По барање на Михајловиќ, Џанлуиџи Донарума заигра за Милан на 16 години и 242 дена и стана втор најмлад голман во историјата на италијанскиот фудбал. Стигна до четвртата сезона, но му требаат уште многу фурни леб за да го заслужи епитетот “наследник на Буфон“. Милан прима голови како никој.

Како Бускетс избегнува притисок од пред гол

Тер Штеген има тешка дилема дали да му ја даде на Серхио Бускетс кој се чини дека е најризично решение во моментот. Но кога двајца играчи на Севиља ќе му се пуштат како хиени, тој им демонстрира сталоженост, искуство па и мангупарија. Мозок е.

Несторовски е мајстор и од 20 метри

Со ваква голгетерска серија на македонските репрезентативци, Палермо може да биде спокоен. Со голот број 4 во осмото коло од Серија А, Илија Несторовски по 29 минута му донесе предност на својот тим на гостувањето против Лече. Трајковски има 3, а тоа значи дека 7 од вкупно 11-те досегашни погодоци на сицилијанскиот тим се на македонското напаѓачко дуо.

36 години од најголемата трагедија во рускиот спорт за која се криело

Големата трагедија на „Хејсел“ е една од најцрните моменти во историјата на спортот и за неа се знае речиси сè. Но фудбалот памети уште една, тешка трагедија за која не се знае многу.

Нов гол на Роналдо за Јувентус

Во 18’ минута од мечот Јувентус - Џенова, Кристијано Роналдо го постигна петтиот гол во Серија А откако дојде во италијанското првенство а воедно стана и првиот фудбалер на светот кој постигнал вкупно 400 гола во Топ5 лигите на Европа. Горан Пандев мечот го почна од клупата за резерви.

Хаосот во кој западна Мурињо ни крив ни должен

Иако важи за голем провокатор, Жозе во самиот финиш на денешното големо дерби Челси - Манчестер Јунајтед 2:2 не беше нималку крив за инцидентот кој го предизвика помошен тренер на домаќините.

Страшна акробација на 20 годишен Србин во Бундеслигата

Ајнтрахт Франкфурт ја наполни Фортуна Дизелдорф со 7 парчиња од кои младиот српски напаѓач Лука Јовиќ постигна 5. Еден од нив е за најавните шпици. Лудница од гол.

Кире не ги ферма годините и игра во топ форма

Некој знаеше да каже: Што па од Барселона замина во Нант? Одговорот е прост: За да гази и таму и да и покаже на француската публика што знае старата незаменлива искусна македонска коска. Без него топки што ќе беа први.

Во пресрет на големото езерско дерби Охрид - Струга

Додека трибините на најголемите скопски сали дремат празни за време на регионалната Сеха лига, во внатрешноста од земјава народот покажува дека ракометот е спорт број 1 во Македонија.

Кај си тргнал со лопата на багер?

За време на мечот од Лига на нации меѓу репрезентациите на Франција и Германија (2:1), напаѓачот на гостите Тимо Вернер (180 см висок) и Нголо Канте (168 см) влегоа во дуел за една топка. Уствари немаше дуел туку Канте го фрли како мачка.

Во драматичен натпревар Џонсон Мети подобар од ЕВН

Екипите на Уни Банка и Џонсон Мати славеа победи во последнот ден четвртото коло во Бизнис лигата на Македонија, а Македонски Телеком и Аџибадем Систина одиграа без победник.

Леброн дебитираше за Лос Анџелес Лејкерс

Почна сезоната во најдобрата кошаркарска лига на светот. Голден Стејт на отворањето ја прегази Оклахома а Леброн Џејмс со својот нов тим изгуби од Портланд трејл Блејзерс 128-119. „Кралот“ на дебито имаше 26 поени, 12 скока и 6 асистенции. Прва следна шанса за прва победа ќе има против „ракетите“ од Хјустон.

Тимскиот гол на Арсенал на кој аплаудира и Барселона

Вилшер, Жиру и Казорла се творците на еден од најубавите голови во историјата на Арсенал кој требаше да им се препише и на тројцата. Не поради атрактивноста на голот, туку по акцијата во која со цик цак додавања, одбраната на Норич ја изработија ко бавча. Вакво нешто се стрефува еднаш на 10 години, а нив им се случи пред точно пет.

Зошто Абрамович сака да го продаде Челси?

Неколку месеци англиските, но и руските медиуми пишуваат дека рускиот сопственик на Челси се повеќе размислува да крене раце од „сините“ и да го продаде клубот на кој му донесе 15 титули за 15 години.

Херојот кој по 30 часовно летање облече копачки и реши финале

Честа и привилегијата да се носи репрезентативниот дрес колку што може да биде голема, знае да биде и тешка, особено за еден уругвајски фудбалер кој после овој јуначки подвиг заслужува двочасовна масажа на нозете во леген со топла вода и слободен викенд.

Десет фудбалери кои завршиле во затвор

Случајот со руските фудбалери Кокорин и Мамаев не е прв случај фудбалери да завршат зад решетки. Во минатото имало играчи кои морале да одлежат затворска казна.

И голманот на Коморски острови се истакна јако

Трагикомичните, смешни и недозволиви интервенции за еден голман продолжуваат со чуварот на голот на островската земја од индинскиот океан, Коморски острови кои одигра 2:2 против Мароко.

Женска македонска аматерска кошаркарска лига

Ако не знаете што се случува со женскиот мак баскет, тогаш како за почеток запознајте се со стандардите и правилата кои ги негува ЖКК Патриот од Делчево. Па добро имаат ли акал овие?

Локо Софија до Хирошима

Од толку места на белиов свет, двајца неодговорни навивачи на бугарски Локо Софија решиле да го испишат името на клубот на еден од највредните меморијали во Јапонија, и светот воопшто. Избркани се од работа и ги чека судење.

„Клубот го бодрев за време на бомбардирање, сега ми го земаат“

„Јас не сум богат човек и одамна сум во пензија. Но работата е што никој од нас не сака пари. Сакаме да ги сочуваме нашите акции. Кронке го купи телото на клубот, но срцето засекогаш ќе им припаѓа на навивачите.“

Анри три пати се заборави на прес

Тјери Анри го презеде Монако со што и официјално ќе ја стартува тренерската кариера, онаму каде ја започна играчката во 1994-та. Новинарите изгледа ќе имаат забавни прес конференции, бидејќи Французинот важи за духовит. Погледнете му ја реакцијата кога се сети дека му ја отежнува работата на преведувачот кои долгите одговори на англиски треба да ги преведе на француски. И тоа три пати истото. 

Еврогол на Руни од 30 метри

Не е подивен само Ибра од ветераниве кои одат да се донаиграат и да дособерат пари во САД. Легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед има постигнато 6 гола на последните 5 меча и вкупно 10 за ДС Јунајтед кој има серија од 5 победи по ред. Со Торонто ја реши на маестрален начин во Бекам стил.