Топовскиот шутер кој го исфрли Ливрпул од ФА Купот

Ако навивачите на Ливерпул сонуваа за некаква тројна круна сезонава, синоќа Вулверхмптон ги разбуди од сонот и со 2-1 ги елиминираше од реномираниот ФА Куп. Раул Хименез ги донесе „волците“ во водство, Дивок Ориги израмни, а во 55’ Рубен Невеш распали во негов стил од далечина.

Овој шут од далечина не е реткост за Португалецот кој од 9 гола за Вулверхемптон во две сезони - 8 постигна надвор од шеснаесетникот а еден од пенал. Уживајте:

Рубен Невеш е дете на Порто кое минатата сезона дојде во Вулверхемптон за 16 милиони фунти. Брзо се адаптираше на англискиот фудбал и беше најзаслужен за пласманот на Вулвс од Чемпионшип во Премиер лига. Го прогласија за најдобар фудбалер во Чемпионшип минатата сезона.

Невеш не доби повик во репрезентацијата на Португалија за Светското 2018 во Русија, но минатата есен стана стандарден репрезентативец.

Има само 21 година и негов квалитет не е само шутот од далечина. Невеш е „длабински“ плејмејкер кој ја води играта на Вулверхемптон заедно со уште еден Португалец сличен на него - Жоао Мутињо.

Невеш одамна ги заинтересирал големите клубови, но минатото лето потпиша нов договор со Вулвс кој според The Times му внел клаузула од 110 милиони фунти!

Оваа сума не би си ја дозволил ниту Манчестер Сити да ја активира клаузулата.

 

8 јануари 2019 - 10:19