Под водство на новиот тренер на Челси Маурицио Сари, Шпанецот стана второкласен играч: сезонава одигра само на 6 меча во Премиер лигата и го освежуваше составот во второстепени турнири (Лига Европа, Лига Куп и ФА Куп).
Тоа го разочарало Фабрегас кој во декември изјави: „Ја знам својата улога. За жал тоа не е она што го сакам. Пружив максимум, играм во Купот и во Лига Европа, иако не се сметам за дебитант.“
****
Бледата полусезона во Англија секако нема да го оспори општиот впечаток за кариерата на Сеск во Премиер лигата која е неверојатна:
- Фабрегас е прв играч во историјата на англиската Премиер лига кој имал повеќе од 10 асистенции за гол шест сезони:
2006/2007: 11 асистенции
2007/2008: 17 асистенции
2009/2010: 13 асистенции
2010/2011: 11 асистенции
2014/2015: 18 асистенции во шампионската сезона на Челси со Мурињо
2016/2017: 12 асистенции
Фабре е еден од само четворицата играчи кои дале 50+ гола и имал повеќе од 100 асистенции во Премиер лигата (тоа им успеало само на Гигс, Руни и Лампард). Во Премиер лига Фабрегас постигна 50 гола, повеќе од еден Фирмино, од Бејл, Ериксен и Чичарито.
Одигра 501 натпревар вкупно во најдобрата лига на светот (303 за Арсенал и 198 за Челси).
Повеќе асистенции за гол во Премиер лига од него има само Гигс (162 асистенции и 111 гола). Помалку имаат едни Лампард (102 асистенции), Бергкамп (94), Џерард (92), Бекам па и Милнер (по 80 асистенции).
„Секогаш мислам чекор понапред. Се трудам од страна да гледам како топката ќе дојде до мене и однапред знам како ќе реагирам. Играч може да гледа простор за пас но да реши да не подаде туку да влезе во дриблинг. Јас од 10 примени топки, имам 8 додавања кон соиграчите. Знам дека поради тоа може да имам повеќе погрешни додавања отколку вообичаено. Наместо да додадам на два метри од мене, јас сакам да дадам топка на 30 метри подалеку и да создадам шанса за соиграчите“.
Францеск Фабрегас во Премиер лигата одигра 350 натпревари! Повеќе од едни Роби Кин и Дејвид Симан. А се започна во есента 2003 кога уште како незрело момче а многу талентиран, дојде од академијата на Барселона.
Сеск Фабрегас кај Венгер стана најмладиот дебитант во историјата на Арсенал. Кога влезе на еден меч од Лига Купот имаше само 16 години и 177 дена.
„Бев многу изненаден што ме пуштија да играм тој ден. Родителите мои знаеа, Арсенал ги покани на мечот, а јас ниту претпоставував зошто за пола час до судискиот свиреж тренерот уште не го прочита составот. Ја памтам соблекувалната: моето шкафче беше меѓу оние на Анри и Пирес. Просто замислете како ми било мене тогаш таму“, се сеќава Фабрегас на денот на своето деби во Лондон.
Анри потоа станал голем пријател со Сеск. Јавно се поддржувале еден со друг.
„Некои играчи не го издржуваат притисокот од очекувањата. А Сеск може да се справи со тоа зошто во главата веќе е зрел, возрасен фудбалер. Тоа се гледа и по неговиот стил на игра. Прекрасно игра“, рекол Анри еднаш во 2006-та.
Кога од Шпанецот побарале да каже кој му бил најдобар соиграч во кариерата (без Меси), тој набројал еден куп презимиња (од Виља до Иниеста), но на крај рекол дека со Анри му било најдобро.
„Кога игравме заедно во Арсенал, тој беше неверојатен, во најдобрата форма. Многу научив од него“, се сеќава Фабрегас.
Во сезоната 2002/2003 легендарниот Французин имал неверојатни 20 асистенции за гол, а Фабрегас во неговата најдобра сезона во кариерата - 2014/2015 имал 18 асистенции.
Зимава изјави: „Секако, сакам да го срушам рекордот на Тиери, но не ја ветувам таа задача. Некогаш може на пет меча по ред да немаш ниту една асистенција, а после на еден меч да направиш три. Тоа секогаш бил дел од мојата работа.“
Во меѓувреме Фабрегас реши да направи драстична промена и да го напушти Челси каде не игра доволно. На општо изненадување, тој ја прифатил понудата на Монако тешка 10 милиони евра плус бонус. Договорот меѓу Сеск и Монако ќе биде потпишан следната недела.
Тренер на тимот од кнежевството е Тиери Анри а Монако после првата полусезона е катастрофален: 19 место во Франција. Доскорешниот помошник тренер во репрезентацијата на Белгија се соочи со најголемиот удар откако почна да работи како тренер: има преку 15 порази и неговиот тим игра ужасно па тешко да се спаси од испаѓање на пролет.
500 games in English football, what an achievement.
— The Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) January 5, 2019
Thanks for the memories, @cesc4official. 🙌 pic.twitter.com/masXnuEQuc