Offside

Веќе се познати сите екипи кои ќе играат во новата сезона од Лига на шампиони 2026/2027. 36 тима од кои некои ќе бидат дебитанти и за првпат ќе играат во најдобро друштво.

„Ноќ на вештерките“ за фудбалерите на Интер

Нема година а датумот на „Ден на вештерките“ да не биде искористен за заебани пранкови во големите европски клубови. Така беше и во Апијано Џентиле, тренинг базата на Интер каде го окркаа Борха Валеро, Падели и Кандрева.

Газдата на Интер е 26-годишен Кинез кој сака да го престигне Јувентус

Во портфолиото на најмладиот претседател во историјата на Интер, 26-годишниот Жанг, стои дека завршил на Универзитетот Пенсилванија, дека работел во инвестициската банка Morgan Stanley и дека беше потпретседател, а од скоро претседател на Интер.

Столе дебитираше за Рајо и прими два гола

Додека офанзивците на македонската репрезентација (Трајковски, Пандев, Несторовски, Тричковски) играат добра сезона и даваат голови, нашиот прв голман Столе Димитриевски синоќа го имаше дебито за својот клуб Рајо Ваљекано и прими два гола.

Лесно е во Европа, биди судија во Јужна Америка

Ривер Плејт е чудесен финалист во Копа Либертадорес откако направи подвиг и после поразот дома од Гремио со 0:1, синоќа славеше сред Бразил со 1:2 со голови во 82’ и 90+5’ минута (од пенал).

Нестогол продолжува да тресе мрежи

Фудбалерите на Палермо славеа убедливо на гостувањето против Карпи со 0:3 и се на само бод до лидерот на табелата Пескара. Точка на мечот стави Илија Несторовски во 74-та минута. Петти гол за него сезонава по 9 кола во Серија Б

Ризикуваше две топки за да спаси една

Херојот на денот, месецот и годината ни доаѓа од Индија. Што ли ќе каже жена му на ова?

Рамстор се врати во старата форма и стигна до победа над С.Ц. Борис Трајковски

Макпетрол и Рамстор славеа победи во вториот ден од 6. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Се појави снимка од падот на хеликоптерот во Лестер

Вработен на стадионот Кинг Пауер ја снимил хеликоптерската несреќа во која загина газдата на Лестер заедно со уште четворица патници. На снимката се гледа како хеликоптерот полетува, го прелетува стадионот, а потоа губи контрола и паѓа. Језиво.

Зошто Вишаи беше толку ценет во Лестер

Тајландскиот тајкун кој загина викендов во хеликоптерска несреќа не е како сите милијардери кои влегоа изминативе години во фудбалот. Тој беше човек со визија, но и покрај тоа што даваше многу пари, не поставуваше високи цели. Се издвои најмногу по широкото срце со кое го обедини градот.

Легендарни цитати на Диего Марадона кој денес полни 58

Култот за Диего Марадона е граден во црквата „Божја рака“ во Аргентина, во Неапол, на Светското против Англија во 86’-та, па на Мундијалот во Русија 2018...

Македонската ракометна репрезентација ја чека судбината на кошаркарската

По повлекување на генерацијата што го освои четвртото место на ЕП во Литванија во 2011 година, се случи драматичен пад со несогледливи последици. Идентичен процес тропа на врата и со селекцијата која беше петта на ракометното првенство во Србија во 2012 година.

Реал Мадрид има само четири здрави дефанзивци

Актуелниот европски првак минува низ доста зезнат период. Го нема Роналдо, губи од Барса 5:1, деветти е на табела, ќе менува тренер и згора на сè се соочува со 14 повреди во само три месеци.

И од будалиот има по Грем Сунес

Ако некаде може да видите бувкално сè што парадоксално спојува убаво, лошо, опасно и будалесто, тоа е најголемото дерби на турскиот фудбал: Галатасарај - Фенербахче. Овој дуел секогаш се прогласува за меч од висок ризик, а кога играат меѓу себе времето во Истанбул стои.

Хајлајтсот од Ел Класико го има на Порнхаб

Го загубиш ли големото дерби меѓу Барса и Реал, па уште и со петарда, тоа значи дека си на тапет цела недела. На Реал Мадрид кој остана без тренер по дебаклот на Камп Ноу, душа му вадат веќе втор ден.

Фудбалер на Вердер Бремен си даде два автогола за 5 минути

Иако фудбалерите на Вердер беа во добра серија на резултати, а Леверкузен гостуваше во Бремен по тешкиот пораз од Цирих во Лига Европа, „аспиринџиите“ им одржаа час по фудбал на домаќините и ги прегазија со 2:6. Два гола во сопствена мрежа си даде бекот Себастијан Лангкамп.

Пеналите на Погба се турни ме да кинисам

Во првите 10 кола премиерлигашите добија 32 пенали. Најважниот го промаши Ријад Марез (во дербито со Ливерпул на Енфилд), најeфективниот го изведе Жоржињо од Челси против Хадерсфилд, а најозборуваниот пенал го шутираше Погба.

Шампионот Лукоил на колена пред Еуро Табак

Еуро Табак, Сава Осигурување и Фабрика Карпош -ГИМ славеа победи првиот ден од 6. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Тотенхем и Сити поарно да играа во бавча место на Вембли

Сите кои синоќа го проследија дербито Тотнем - Сити можеа да приметат дека теренот беше изоран како бавча и не доликуваше на стадион каков што е храмот на фудбалот „Вембли“. Кој го упропасти?

Ријад Марез го посвети голот против Тотенхем на загинатиот газда на Лестер

Градот Лестер и истоимениот фудбалски клуб синоќа се простија од Вичај Шриваданапраба, сопственикот на Лестер кој загина по падот на неговиот хеликоптер во саботата. Синоќа на „Вембли“ се одигра големото дерби Тотенхем - Ман. Сити кое го реши Алжирецот Марез кој го посвети голот на својот некогашен претседател.

Тажни слики и емотивни пораки пред стадионот на Лестер

Дојде во 2010-та, ги купи како второлигаши, ги однесе во прва лига и ги направи шампиони. Вишаи Шриваданапрабха во Лестер го достигна врвот, а судбината сакаше таму и да заврши, веднаш до Кинг Пауер, каде се испиша една нова историја за англискиот фудбал. Колку го ценеа и сакаа, се гледа од овој амбиент.

Што побарал газдата на Лестер од Раниери на првата нивна средба

Шриваданапрабха беше претседател во англискиот фудбал со најтешко презиме за изговарање, но сепак скромен и тивок човек кој ги урна стереотипите на недопирлив газда. Тој се дружеше со навивачите и го бараше минимумот од тренерот.

Аголот за кој навивачите на Јуве морале да платат по 50 евра

По ремито со Џенова на домашен терен, Јувентус минатиот викенд одигра тежок меч против Емполи на гости и славеше едвај по пресврт, со два гола на Роналдо. Во триумфот не им олеснија многу сопствените навивачи кои до 70’ минута не навиваа, револтирани од цените кои домаќинот им ги лупнал.