На Давид Де Хеа му стокмија нов договор со астрономска плата од 400.000 фунти неделно, па го викна својот сонародник и клупски колега Хуан Мата на ручек во италијански ресторан.
Крилото на Манчестер Јунајтед се појави на честењето со автомобилот Aston Martin DB9, вреден 140.000 фунти. Но во меѓувреме се одзва и на уште една покана со која уште еднаш покажа колку е голем како човек, без разлика на славата и парите.
Во нисколигашот Витеншав Таун од Манчестер неодамна се случи трагедија. Неколку дена пред нова година почина таткото на едно од децата во екипата за играчи до 12 години.
Славниот фудбалер на Јунајтед се знае со тренерот на аматерскиот клуб со кој се договорил да се појави како специјален гостин на еден од нивните тренинзи.
Ветувањето на Мата било дека ќе дојде да ги изненади децата, посебно тажното дете.
Тој не само што го исполнил ветување и им направил големо изненадување, туку на детето му донел дрес, се сликал си сите и останал на тренингот 45 минути.
Тоа е тој џентлменски потег кој не го прави секој фудбалер. Одвоил 45 минути од скапоценото време и сега на тие деца цел живот ќе им служи како пример.
@juanmata8 is a true legend & gent I manage @WTFC1946 U12s & one of our kids dad sadly passed away before Christmas he made a promise that he would come to one of our training sessions and present him a shirt Tonight he did & spent 45 minutes joined in and was a star what a man pic.twitter.com/upnRom36rG
— Fergus (@fergusmufc) January 16, 2019