Offside

Актуелниот светски шампион Аргентина тешко се избори за пласман во полуфинале откако после продолженија го скрши отпорот на тврдиот орев Швајцарија која играше повеќе од половина час со играч помалку.

Ефектот од бодрење на 50.000 навивачи на тренинг

На лудилото во аргентинскиот фудбал му нема крај. Бока Јуниорс во очи на реванш средбата од финалето против големиот ривал Ривер Плејт во Копа Либертадорес доби поддршка од 50, да 50.000 навивачи на тренинг. Кога ќе го погледнете овој земјотрес, ама буквално земјотрес, ќе мислите дека мечот е веќе почнат. 

Гугутката од Бразил

Роден е во 1997-ма, има 21 година а веќе важи за еден од подобрите фудбалери како во Премиер лигата, така и во репрезентацијата на 5-кратниот светски шампион Бразил.

Како fake news прелажа цел стадион предвреме да слави титула во Бразил

Колку се луѓето склони да паѓаат во транс на непроверена информација се докажа и на еден голем натпревар во Бразил каде деновиве се решава шампионот.

Сите отпуштања на човекот кој тренерите ги третираше како чорапи

Газдата на Александар Трајковски и Илија Несторовски и официјално веќе нема никаква функција во Палермо, клубот од каде излегоа многу јаки фудбалери и клубот каде тренерите немаа право на грешка.

Како бе во топ тимот на Лига Д има само еден Македонец?

Познатиот сајт за статистика „WhoScored“ го објави најдобриот тим од Лигата на Нации, поточно од лигата каде учествуваше Македонија и тотално ја утнале.

Како се игра ракомет во Замбија

Не е важно каква е опремата, ниту подлогата или дали имаат сала, туку важно е да се има три работи: желба, голови и топка. Толку. А луѓево ги имаат сите три работи и се гледа дека знаат да уживаат, ама и да се забавуваат и плус се гледа дека ги бива. Браво.

Најсреќниот фудбалски град во светот

2018-та година ќе остане врежена како посебна и историска во аналите на аргентинскиот фудбал, бидејќи дербито кое се смета за најголемо во светот за прв пат од 1913-та од домашната се префрли на меѓународната сцена или поточно во финалето на Копа Либертадорес. На 11 ноември на Ла Бомбонера заврши 2:2, а оваа сабота се игра реваншот на Ел Монументал.

Малиот навивач кој цел живот ќе го памети гестот на Алексис Санчез

Иако пријателските средби често знаат да бидат неатрактивни и непосетени (ова повеќе е за кај нас), сепак кога ѕвездите на тимот ќе се јават на поканата од дома, одма е друго. Не го прави секој фудбалер ова што го направи фудбалерот на Манчестер Јунајтед.

Жељко Обрадовиќ го потопи помошникот во шутирање тројки

Најтрофејниот европски тренер на сите времиња и предводник на турскиот гигант Фенербахче, Жељко Обрадовиќ му одржа лекција на неговиот помошник тренер Ердем Џан во шутирање тројки.

Асистенција на месецот во Евролига - одбиен баскет од глава во кош

На мечот Химки - Будуќност во Евролигата, домашниот плеј Стефан Марковиќ проба ненадејно да асистира до Џордан Мики, а овој не очекуваше па топката го удри во глава и...

Рамстор со цврста одбрана до победа над Телеком

Макпетрол и Рамстор славеа победи во третиот ден од 9. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Ни Чикаго да те брани, ни Феникс да те храни

На мечот Булс - Санс имаше вкупно 240 коша. Славеа Булси со 124-116 а секој оној што типувал плус на поени се смешкал кога видел каква одбрана се играше на мечот.

Откриено кој го продава бронзениот медал на Хрватска од Светското 1998

Веста дека пред неколку дена на страната на една аукциска куќа се појавила понуда за продажба на бронзениот медал којшто Хрватска го освои на Мундијалот во Франција 1998, ја изненади јавноста во земјата на светскиот вицешампион.

Симпатичен гест на фудбалерите на Израел за време на химната во Шкотска

Пред почетокот на мечот во Единбург во Лига на нации, неколку репрезентативци на Израел приметиле дека децата кои стојат покрај нив мрзнат на силниот ветер па ги соблекле јакните и им ги дале да се стоплат.

Видео кое Евра не требал да го објави

Ако фатите да го разгледувате Инстаграм профилот на Патрис Евра ќе наидете на 300 глупоштини. Беше смешен и интересен повеќе пати, ама повеќе не е. На таа пара што ја направи од фудбалот, 1000% има што друго да прави како млад пензионер.

Гранит со колективна игра стигна до победа над Окта

Екипите на ЕВН и Еуро Табак славеа победа со идентичен резултат од 8:2, а бодови во вториот ден од 9. коло во Бизнис лигата на Македонија освои и Гранит.

Најновата фудбалска надеж на Италија игра во Серија Б и е клон на Пирло

Ретко се смее, ретко покажува емоции на лицето. Исто како Пирло ја има таа флегматична елеганција на теренот а што е најинтересно игра во Бреша, има долга коса и ја покрива истата позиција како Андреа на времето.

Да не си му во кожа на Гатузо

Сезоната не е ниту до пола, а Милан има сериозни проблеми со составот. Листата на повредени играчи е долга и загрижувачка, особено ако се знае дека скоро сите се првотимци. Распоредот е немилосрден, Милан почнувајќи од недела против Лацио на гости до нова година има дури 9 средби во Серија А и Лига Европа.

Учете од Клосе деца

Ако некој играч треба да претставува модел за професионалност и дисциплина, тоа дефинитивно е Мирослав Клосе. Германец кој треба да им служи како пример и на Германците.

Грузискиот Нејмар кој ја однесе својата репрезентација во полуфинале

Георги Чакветадзе има 19 години и важи за еден од најталентираните фудбалери од Источна Европа во моментов. Кариерата ја почнал во матичниот Динамо Тбилиси а во август 2017, и покрај големиот и интерес од Баерн, Тотенхем и Ливерпул, за 700.000 евра преминува во белгискиот клуб Гент.

Од 47 пријателски за 6 години, Бразил дома одиграл само 9

Кариоките во полн состав синоќа одиграа пријателска против Камерун и победија 1-0 со голот на новата ѕвезда на Евертон Ричарлисон. Местото на одигрување на средбата беше невообичаено.

УЕФА ги измеша брзините со Лига на Нации и квалификациите за ЕП

Селекцијата на Косово е нашиот противник во полуфиналето од плејофот за пласман на Еврошампионатот, ама додека да дојде денот кога треба да играат ќе заборавиме за што играат. Можевте и во 2030-та да ја закажете, што фали?

За конечната слика во Лига на нации, кој испаѓа, кој оди погоре

Новото натпреварување на УЕФА се испостави како интересен турнир во кој видовме многу занимливи средби, голови, пресврти и необични епилози. Некој на крајот се радува, а некој ќе чека шанса преку традиционалните квалификации да обезбеди пласман на Европското 2020.

Германија vs Гибралтар во 2018-та

Испаднаа од Светско уште во групна фаза. Испаднаа во Лига на Нации уште во групна фаза. Нема да бидат во прв шешир на ждребот за ЕП 2020 и годинава имаат 6 порази. Со оглед на најлошата година во историјата на германската репрезентација следува ваков тип на спрдња кој за трагедијата да биде поголема е жива вистина.