Ќе може ли Зидан да го препознае тимот на Реал Мадрид кој го остави пред 9 месеци? Како родител кога се враќа дома од продавница и гледа дома како децата ја запалиле кујната и го извалкале тепихот. Тој не е лут, туку само разочаран.
Зидан го напушти Мадрид со успех што беше без преседан во модерната ера. Деновите кога екипите го задржуваат Европскиот Куп веќе одамна ги нема. Никој друг не го сторил тоа во ерата на ЛШ, освен него. И потоа уште еднаш го повтори истото дело, негирајќи ја историјата и математиката со освојување на повеќе трофеи во ЛШ, отколку години што остана како тренер.
Но работите почнаа да се влошуваат речиси веднаш штом си замина. Супер Купот на Европа беше предаден на соседите Атлетико уште на првиот натпревар на Лопетеги. Тој беше отпуштен во октомври, но проблемите продолжија. Сите надежи за освојување на Ла Лига исчезнаа уште тогаш.
Чашката беше прелиена минатата недела кога по двојниот пораз од Барселона во Купот, Реал беше понижен од Ајакс среде Бернабеу. Холандскиот тим славеше со 1:4 и со тоа го прекина долгото владеење на Мадрид како шампиони во Европа.
Ако Зидан може да најде начин да го освои првенството од ваква позиција, тогаш тој навистина е чудо од работник. Секако се чини дека е пророк, бидејќи читајќи меѓу редови тој го предвиде овој пад, додека Флорентино Перез и останатите беа среќни и опиени од обожавањето на масата на луѓе на Фонтаната Сибелес.
Мислам дека е вистинско време. Мислам дека на играчите им треба промена, изјави Зидан во јуни кога ја соопшти својата одлука да замине. Но не се работи само за играчите, туку тој беше свесен за неговото наследство, а заклучокот беше дека видел само проблеми пред себе.
„Ако не сум 100% сигурен дека ќе продолжиме да победуваме, ако имам сомнежи, мислам дека можеби е време да заминам. Мислам дека ако би бил тренер следната сезона би било тешко да освојам титули. Видовме оваа сезона во Ла Лига и Копа дел Реј, имаше големи падови.
Не можам да ја заборавам сезоната во првенство така лесно. Беше многу тешко. Кога сме во овој клуб треба да знаеме дали станува збор за уште една добра сезона во континуитет или сезоната ќе заврши лошо. Мислам дека ова е вистинското време да се заврши на високо ниво“.
Зидан секогаш имаше извонредна визија како играч и тој не беше слеп за проблемите што демнат. Мадрид се потпираше на стареењето на играчите и најважниот од сите нив, Кристијано Роналдо беше на пат.
Тие станаа тим што блескаше кога беше најважно, но не можеа да ја носат со себе таквата магија секоја недела. Не можеа да бидат конзистентни и завршија на трето место минатата сезона со 17 поени зад Барселона.
Тоа е причината зошто тој си замина, но тоа е причината и зошто веројатно чувствува дека е добро време да се врати. Тој некогаш беше крал на “рулетот“ (се мисли на потегот во игра), но како тренер не се коцка. Лукав е потегот да се врати во Мадрид во овие околности со сите во шпанската престолнина свесни колку може да биде мрачен животот без него.
Зидан нема ништо да добие оваа сезона во однос на трофеи, но има и малку што да загуби. Ако ова беше специфично сценарио на компјутерска игра, тогаш искрено тоа ќе биде оценето како лесно.
„Тоа е толку тежок клуб, рече во текот на летото. Секогаш барам повеќе од играчите, па како може да побарам повеќе од она што сме го постигнале“?
Сега може да побара повеќе. По една недела во која беа изгубени два Ел Класико дуели и една во ЛШ, нема од што да се крие. Зидан повторно може да биде херој на Мадрид.